„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Отворени повици наменети за извозни компании

27.01.2023

Стопанската комора на Северна Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објавува 5 активни повици.
Целта на повиците е зголемување на конкурентноста на македонските компаниии и поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети.
 
  1. 1. ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗНИ АКТИВНОСТИ И ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА/ПЛАН ЗА ИЗВОЗ
     
  2. 2. ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ПРИ ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА И АЛАТКИ
     
  3. 3. ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ВО ПРОЦЕС НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ И КОУЧИНГ ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА  
     
  4. 4. ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ПРИСТАП ДО ГРАНТОВИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНИ АПЛИКАЦИИ
     
  5. 5. ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24.2.2023 година.
Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на формуларот прикачен во повикот.
Повеќе информации за проектот можете да прочитате тука