„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Стратегија за паметна специјализација

12.04.2023

Во Комората се одржа состанок со работниот тим за изработка на Стратегијата за паметна сепцијализација составен од претставници на Министесртво за економија, министерство за образование и наука и престатвници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и меѓународниот експерт ангажиран за финализирање на стратегија. Стопанската Комора на Северна Македонија активно учествуваше во спроведување на квалитатитвната анализа како една од клучните фази за изработка на овој стратешки документ.

Стратегијата за паметна специјализација е стратешки документ кој државата преку Министерство за образование и наука и Министерство за економија како главни носители се креира со поддршка на Заедничкиот Истражувачки Центар (JRC) на Европската Комисија и други меѓународни донатори.
Самата стратегија треба да ги определи стратешките области и правци каде Република Северна Македонија треба да се насочи во процесот на нејзина специјализација, при што, главната цел е преку интензивна соработка помеѓу науката и бизнис секторот да се трансформира економија со цел зголемување на продуктивноста и конкурентноста на земјата во процесот на целосно интегрирање во ЕУ. Стратегијата за паметна специјализација ќе ги даде главните правици каде идните фондови од ЕУ и поддршката од страна на државата треба да се насочи во наредниот период со цел подобрување на перформансите на македонската економија.
Стопанската Комора на Северна Македонија како најголема бизнис заедница е активно вклучена во процесот на изработка на Стратегијата, но многу поважно во соработка со науката и креаторите на политиките ќе биде посветена на имплементација на конкретните активности со цел обезбедување на поголема поддршка за нашите компании во нивните напори за технолошка модернизација преку нови инвестиции, како и во подобрување на соработка со науката и академијата со цел креирање на нови иновации и развој на нови производи со поголема додадена вредност. Ова е во насока со врвните приоритети на Комората на иднината за поддршка на компаниите со цел зголемување на конкурентноста за поголем извоз на регионалните и странските пазари.