„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КАДАР

15.05.2023

Генерално, веќе подолго време, работодавачите во нашата земја се соочуваат со недостаток од работна сила. Имајќи го во предвид ваквиот проблемот кој го отежнува нивното работење, во организација на Стопанската комора, беше одржана работилница на која беа презентирани мерките од Оперативниот план за вработување кој што се подготвува на годишно ниво во соработка со Стопанската комора, бизнис секторот и невладините организации со цел да се обезбеди кадар за компаниите за да ги пополнат слободните работни места за одржување на продуктивноста во нивното работење.

На работилницата свое обраќање имаа м-р Наташа Јаневска од Стопанската комора,  Младен Фрчковски од министерството за труд и социјална политика и Алберт Мемети од невладината организација Ромалитико.
На работилницата преку отворен дијалог претставниците на компаниите имаа можност да ги искажат потребите за соодветен кадар за пополнување на работните места и да добијат информации за расположливиот кадар преку искористување на активните мерки за вработување и поврзување на работодавачите со невработените. Во текот на работилницата фокусот беше ставен на:
  1. остварувањето соработка помеѓу заинтересираните страни за споделување информации од потребата од работна сила во нашата земја и
  2. потребните профили на работна сила со цел насочување и преквалификација и доквалификација на кадарот.
Оваа работилница е една од повеќето кои ќе треба да се одржат со компаниите од различните здруженија при Комората.