„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
16.05.2023
Вмрежувањето на компании со стручни училишта за реализација на учењето преку работа е една од активностите на Центарот за дуално образование во рамките на Советот за развој на тренингот и обуките. На барање на фирмата/модното студио „Диа Нешо“ од Скопје во Стопанската комора се одржа работен состанок со директорката на средното училиште „Кочо Рацин“, Скопје, за воспоставување на заедничка соработка за реализација на учењето преку работа за квалификации од секторот текстил, кожа и слични производи, со можност за нивно вработување по завршување на образованието. На состанокот беа разгледани две можности за обезбедување на кадарот за компанијата: обезбедување на ученици од училиштето кои сега го завршуваат стручното образование со можност за нивна кратка обука и вработување и обезбедување на ученици од II и III година за реализација на учење преку работа во нивната фирма за квалификацијата Моделар.