„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од компаниите

Еуроникел Индустри работи на отпочнување со редовно производство

08.05.2023

Менаџментот и инвеститорите, посветено работат на отпочнување со редовно производство и рестартирање на сите процеси до целосна активност на комбинатот. Се прават подготовки за постепеното активирање на сите процеси, што вклучува набавка на суровини, замена на потрошни материјали, достигнување на печките до оперативна состојба, повторно поврзување и обезбедување пазари за пласман на производот.

Долгиот застој во работата предизвикан од енергетската криза, односно од екстремната цена на електрична енергија потребна за производството на Еуроникел Индустри како најголем поединечен потрошувач, е причината за постепениот и внимателен старт на производството и целосно враќање на комбинатот во стопроцентна оперативност.  

Еуроникел Индустри работи во секакви услови и изминативе години ја покажа својата отпорност работејќи во вонредни услови предизвикани од здравствената криза, нестабилните цени на светските берзи и на крај енергетска криза со која се избори на начин за максимална заштита на вработените. Компанијата се стави во состојба на делумна оперативност, без производство, за да ги обезбеди и гарантира работните места и редовна плата за сите вработени, со вклучени сите издатоци.