„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ТРЕТ ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ГРАНТОТ ОД СТО И ПЕДЕСЕТ ДО ШЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПРИМЕНА НА ДУАЛНИОТ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ

25.05.2023

Регионалниот фонд за предизвици, кој претставува финансиски инструмент за унапредување на стручното образование и обука за да се зголеми на вработливоста, особено кај младите, и за реализација на квалитетна практична обука и учење преку работа, го објавува третиот повик за изразување интерес за добивање грант од 150.000 до 600.000 евра.

Третиот повик за изразување на интерес ќе биде отворен од 22 мај 2023 до 7 јули 2023, до 23:59 часот. Повикот ќе се објави истовремено во шесте држави од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Фондот очекува апликации од сите шест држави и од сите економски сектори.
Фондот ја поттикнува конкурентноста на претпријатијата во економиите од Западен Балкан преку финансирање инвестиции во опрема и во инфраструктура за проекти за стручно и за дуално образование кои се реализираат по пат на партнерства меѓу установите за стручно образование и обука и претпријатијата. Грантовите се доделуваат преку натпревар на регионално ниво.
Изјави за изразување интерес можат да поднесат конзорциуми составени од една образовна институција (установа за стручно образование и обука или високообразовна институција) и најмалку две претпријатија кои заедно изработуваат и реализираат програми за дуално образование или практична обука (учење преку работа). Конзорциумите треба да бидат предводени од образовни институции кои реализираат програми што водат кон стекнување квалификации кои се национално признати.
Процесот на аплицирање за поддршка од Регионалниот фонд за предизвици се одвива во две фази:
  1. прва фаза – конзорциумите поднесуваат формулар за изјавување интерес;
  2. втора фаза – конзорциумите кои ќе бидат првично избрани по завршувањето на првата фаза поднесуваат предлог-проекти со детален план за инвестирање.
Деталите за конкурсот, условите за подобност, прифатливите трошоци и процедурите за аплицирање ќе бидат објаснети на информативната сесија за Северна Македонија, која  ќе се одржи виртуелно на 9 јуни 2023 година во 11 часот.
Заинтересираните за учество можат да се пријават на следниот линкhttps://rcf-wb6.org/schedule-of-online-activities/
Дополнителни информации за третиот повик се достапни на веб-страницата www.rcf-wb6.org.