„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

14.06.2023

Одржливо осигурување и ESG известување, практични аспекти на осигурувањето, финансиско известување на друштвата за осигурување, улогата на ревизорите согласно регулатива за финансиско известување и ревизија на осигурителни друштва

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за континуирано професионално усовршување (КПУ) со теми од областа на осигурувањето за овластени ревизори. Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2023 година (четврток), како хибриден настан, со физичко присуство во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, голема сала на 5-ти кат или он-лајн присуство (преку стриминг - Webex).
Програмата опфаќа повеќе теми од областа на осигурувањето и тоа одржливо осигурување и ESG известување, практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.
Предавачи на настанот се:
  • проф. д-р. Климе Попоски, Универзитет Св. Климент Охридски, катедра за осигурување и Претседател на Управен Одбор на ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ
  • Ксенија Денчиќ - Михајлов, Универзитет Ниш, Економски факултет Ниш и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany
  • д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанска комора на Северна Македонија
  • м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна до 19 јуни 2023 година, преку пристапување на следниот линк https://forms.gle/oeuz37ovrPv9XDfN9