„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ГРАДЕЖНА ВИЗИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ: ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО РЕАЛИЗИРА ПОСЕТИ НА СВОИТЕ ЧЛЕНКИ

16.06.2023

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ СТРАТЕГИИ И ЦЕЛИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СЕКТОРОТ

Во рамките на годишниот план за работа на Здружението за градежништво и градежни матријали при Стопанската комора на Северна Македонија, е започната реализацијата на една од најзначајните активности - посетите на компаниите-членки. Овие посети имаат за цел да ги истражат и поддржат производствените и оперативните капацитети на компаниите, како и да ги идентификуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат во секторот на градежништвото.
Денешната седница на Управниот Одбор на Здружението беше посветена на компанијата Градба Промет од Кавадарци и г-дин Никола Наумов, кој е член на Управниот одбор на здружението и воедно претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци. Во текот на седницата, се обидовме да ги идентификуваме и разгледаме различните теми и активности што се дел од годишниот план за работа.
Една од најважните теми на дискусија беше работната средба со Бирото за Јавни набавки. со цел за да се подобри постапката на јавните набавки во секторот на градежништвото и за да се осигура постапливост и транспарентност во процесот.
Друга значајна тема на седницата беше соработката со Развојната банка на Северна Македонија. каде членовите на здружението ќе имаат можност да се запознаат со финансиските инструменти и услуги што ги нуди банката, како и да разгледаат начини за поддршка и финансирање на градежните проекти.
,,Јас како Претседател на Здружението сметам дека активното вклучување на сите членови од Управниот Одбор на Здружението во неговата активност ќе придонесе кон побрза реализација и остварување на нашите цели и идеи. Соединувањето на нашите знаења, искуства и експертиза ќе ни овозможи да развиваме и подобруваме градежниот сектор и градежните матријали во нашата земја на подобар начин.
Верувам дека секој од нас, како дел од Управниот Одбор, има нешто вредно да допринесе. Нашите различни перспективи, знаења и вештини ќе ни помогнат да пронајдеме најдобрите решенија и да ги превладаме предизвиците со кои се соочуваме. Само преку соработка и тимски напор можеме да создадеме уште повозбудливо и успешно опкружување за нашите членови и сите компании во градежништвото.,, додаде Серафимовски.
Од голем интерес беше и презентацијата на Анализата на најуспешните градежни компании изминативе години. Со помош на оваа анализа, членовите на Здружението добиваат важни информации и водичи за усовршување и подобрување на своите бизнис практики, што им помага во подготовката и имплементацијата на своите проекти.
Посетите на компаниите-членки во рамките на Здружението за градежништво и градежни матријали при Стопанската комора на Северна Македонија се од огромно значење за развојот и напредокот на градежниот сектор во земјата. Преку овие посети, членовите на Здружението ги разменуваат искуства, ги споделуваат најдобрите практики и ги решаваат предизвиците со кои се соочуваат.