„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ВРСКАТА ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И БИЗНИС СЕ ЗАЦРВСТУВА

05.07.2023

Проф. д-р Дарко Лазаров кој е член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на Клубот на извозници при Комората, на 229 тата седница на Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, одржана на 4 јули 2023 година, на предлог на Ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, едногласно е избран за Проректор за развој и инвестиции на Универзитетот.

Со изборот на проф. д-р Дарко Лазаров кој паралелно со својата професорска кариера, исклучително професионално се етаблира и во бизнис делувањето како поддржувач на иницијативата на претседателот на Комората Бранко Азески за поддршка на процесот на индустријализација како основа за економски раст и развојна државата.  Истовремено работи на повеќе анализи, истражувања и поддршка на иновативни вложувања во компаниите со цел поттикнување на техничко технолошкиот процес во македонските компании и сота зголемување на конкурентноста на домашниот производ на странските пазари.
Со изборот на професор Лазаров за Проректор за развој и инвестиции на Универзитетот УГД Штип, врската помеѓу образованието, науката и бизнисот се зацврстува и се создава основа за продлабочување и интензивирање на соработката на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација во државата со академијата со крајна цел зголемување на конкурентноста на бизнис секторот.