„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

АНАЛИЗА ЗА СИВАТА ЕКОНОМИЈА ИЗРАБОТЕНА ОД СКСМ - „СИВИОТ ДЕЛ“ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ГОЛЕМИНА, ИМПЛИКАЦИИ, РЕШЕНИЈА - САМО БИЗНИСОТ МОЖЕ ДА ЈА ИЗВЛЕЧЕ ЕКОНОМСКИ ДРЖАВАТА

05.07.2023

СИВАТА ЕКОНОМИЈА Е ПОГОНСКО ГОРИВО ЗА КРУПЦИЈА

Време е после 30 години државата да направи пресек и да ја стави економската активност како врвен приоритет. Само така може да очекуваме и економски развој и подем, истакна претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на прес конференцијата на која беа презентирани наодите од анализата за сивата економија изработена од м-р Зоран Јовановски потпретседател на Стопанската комора, м-р Павле Гацов даночен експерт и член на УО на СКСМ и проф. Александар Стојко, член на Собранието на Комората.
Претседателот Азески констатираше дека за бизнис заедницата решавањето на проблемот со сивата економија е едно од круцијалните прашања. Како Комора која ги претставува компаниите кои придонесуваат со половина од вкупниот приход создаден во приватниот сектор, близу 50% од нето добивката во приватниот сектор ја генерираат компаниите членки на Комората и фактот дека секој трет вработен во приватниот сектор работи во фирма членка на СКСМ, не обврзува како бизнис асоцијација во кој правец да се движиме и дека сивата економија ќе биде едно од клучните прашања за кои ќе иницираме активности во периодот што следи. Посочи и дека нема инвестициска активност во држава со висок процент на сива економија. Ние се наоѓаме во зачаран круг веќе три децении и затоа како бизнис праќаме апел, покрај црна листа која ја објавува Управата за јавни приходи за деловни субјекти кои не ги плаќаат редовно давачките да постои и бела листа, за да се види кои се субјектите кои се однесуваат одговорно во државата.  
Во услови на нефункционална правна држава и правосуден систем, нефункционален пазарен модел, единствено врзно ткиво мора да биде економијата. И сето ова вели Азески, упатува на фактот дека е повеќе од нужно сите чинители во општеството да бидат потписници на нов договор за дефинирање на економските приоритети на државата.
Креаторите на анализата м-р Зоран Јовановски и м-р Павле Гацов, говореа за негативните импликации од високиот процент на сива економија, негативните импликации од истата, но беа понудени и предлог решенија.
Мотивација за анализата вели Јовановски била преку факти и бројки да се покаже дека наместо зголемување на даноци и воведување нови секогаш кога недостасуваат пари во буџетот, да се применат мерки со кои ќе се намали и формализира сивата економија, бидејќи таа негативно се одразува на финансиската кондиција на компаниите што работат согласно законите, ја нарушува пазарната (лојалната) конкуренција, го ограничува растот на економијата, ги оштетува јавните финансии, буџетот на државата и социјалните фондови. Во анализата е констатирано дека последиците од постоење на сивата економија се, поткопување на владеењето на правото, опасност од преобликување на општеството што укажува дека ова прашање не е само економско туку и длабоко општествено прашање.
Врз база на резиме од 28 студии беа посочени факторите што ја детерминираат сивата економија, како и фактот дека таа изнесува 33,2% од БДП, што споредено со просекот на ЕУ 27,19,4% е голема разлика. Во 2022 година „сивиот дел“ на македонската економија изнесува 4,2 милијарди евра, во државниот буџет истата година се изгубени приходи за 1,28 милијарди. Или ако се сведе сведе сивата економија на нивото на ЕУ, поголеми приходи во буџетот на државата би имало за 450 милиони евра годишно.
Павле Гацов укажа дека за намалување на процентот на сива економија потребна е политичка волја и бескомпромисен пристап. Вели дека постојат владини документи за борба против сивата економија но нема информација за резултати од истите. Во Анализата се предвидуваат и мерки за борбата против сивата економија преку поголеми инспекциски активности, регулирање на нерегистрирани е-трговци и доставувачи, елиминирање на пропусти во работењето на менувачниците и практиката на неиздавање на фискални сметки.
Се предлага и поголема организираност преку воведување регистри на вршители на е-услуги (програмери и сл.) за потребите на странски економски субјекти и регистри на вршители на услуги во земјата (услуги од областа на домаќинствата, други услуги, итн.), координација на институциите преку електронско поврзување на сите соодветни бази на податоци кај УЈП, како и формирање тело за соработка помеѓу УЈП и деловните даночни обврзници. Учесниците на денешната прес конференција вела мерките се познати, треба само да се применат!
АНАЛИЗА: