„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

РАБОТНА СРЕДБА НА РАКОВОДСТВАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА И ОПОЗИЦИСКАТА ВМРО ДПМНЕ

20.07.2023

Фокус на разговорите беа трите закони, за данокот на ДДВ, персоналниот данок и данокот на солидарност

Во просториите на Комората се одржа една од редовните консултации што раководството на СКСМ ги има со раководството на ВМРО ДПМНЕ за актуелни тековни теми. Овој пат фокусот е ставен на трите закони за данокот на ДДВ, персоналниот данок и данокот на солидарност.
Претседателот на Комората Бранко Азески, од опозициската партија побара информација за активностите во собранието на РСМ околу трите закони, а се разговарало и за можни нови механизми и активности како да се сведе на минимум ударот и негативните ефекти врз бизнисот од овие законски решенија. Доколку законите сепак ги минат сите постапки за нивно ставање во функција, СКСМ ќе го искористи сите механизми вклучително и оценување на уставноста на законите за кои бизнис секторот преку  Клубот 100 на 19.7.2023 година, упати допис до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и до Министерот за финансии на Република Северна МакедонијаВо Дописот на еден сеопфатен начин се образложени аргументите за барањето на бизнис заедницата за запирање на постапката за донесување на предложениот Закон за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце и како релевантен фактор кој има свој активен придонес на патот кон создавање подобра иднина на македонската економијаИстата иницијатива се поддржа со потписи од значаен број на релевантни и успешни компании и стопанственици - членови на органите и телата на Комората (Управен одбор, Собрание и Надзорен одбор), при што се укажува на сите негативни последици кое евентуалното вакво законско решение и неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година ќе ги предизвика врз домашните и странските компании и инвеститори во државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со раководството на Комората информираше дека можностите за промени се ограничени, односно се лимитирани во Собранието, бидејќи законот за солидарен данок е со европско знаме и постои процедура како истиот се носи. При тоа информираше дека како партија ќе побараат јавна расправа за измените во законите за ДДВ, персоналниот данок на доход и данокот на солидарност за да може јавноста да биде информирана за измените кои се предвидени со законите.