„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Муја: Одговорното кредитирање и на страната на понудата и на страната на побарувачката, останува главен двигател на индустријата

20.03.2023

Економија и бизнис | печатено издание | април 2023г.

Арлинда Муја, Регионален извршен директор за Северна Македонија и Албанија, ТИГО

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?
Индустријата на финансиски друштва е тука со цел да ја збогати понудата на финансиски услуги на постојниот финансиски систем, да ја зголемат куповната моќ на населението и да понудат финансиска инклузија за финансиски неопслуженото население.
Според извештајот за финансиска стабилност на НБРСМ, на крајот на 2021 г. учеството на финансиските друштва во вкупните средства изнесува 0,8%, или 6.226 милиони денари, што претставува 32% зголемување споредено со минатата година кога изнесуваше 0,6%. Очекувајќи ги официјалните податоци за 2022 година, нашите претпоставки се дека уделот на финансиските друштва ќе достигне и до 1% учество во вкупните средства на финансискиот систем. Овој континуиран раст, заедно со континуираниот раст на издадени кредити за населението, дополнително укажува на целисходноста на финансиските друштва и поддршката која тие ја обезбедуваат, но и раздвижувањето на економската состојба во државата особено во предизвикувачки економски состојби.
Како компанија, Тиго во изминатите 5 години се позиционираше како сериозен „играч“ со намера да биде двигател на развојот на финтек индустријата во нашата земја. Имено, ја заокруживме 2022 година со зацврстена позиција од аспект на резултати од оперативното работење, клиентското искуство, препознатливост на брендот, како и социо-економското влијание врз домашната економија. За период од 5 години, евидентиравме над 280 илјади одобрени кредити за подобрување на куповната моќ на стотици илјади граѓани, со што не само што обезбедуваме финансиска инклузија на неопслуженото население, туку преку својата работа остваруваме и значаен придонес врз севкупната домашна економија. Обезбедувањето на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства, како и преку градење взаемна доверба со клиентите, денес нè прават водечки „Top of mind“ бренд во финтек индустријата, компанија со највисока лојалност од страна на клиентите и најпрепорачан бренд за брзи кредити, според истражувањето на агенцијата Рејтинг.
За Тиго, но и за целокупната индустрија, одговорното кредитирање и на страната на понудата и на страната на побарувачката, останува главен двигател на индустријата. Подготвени сме, заедно со регулаторот, Министерството за финансии, и институциите да продолжиме да создаваме клима за понатамошен раст на индустријата, секако имајќи ги во преден план клиентите и нивните потреби, но и севкупната економска состојба која ќе осигура одржливост и раст.