„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Попов: Партнери еднаш − партнери засекогаш!

27.03.2023

Економија и бизнис | печатено издание | април 2023г.

Благој Попов, управител ФД КРЕДО КАРД ДОО СКОПЈЕ

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?
Живееме во услови на раст на каматните стапки, процес кој трае веќе 12 месеци. Нашите анализи покажуваат дека овој тренд ќе продолжи уште минимум еден квартал по што очекуваме дека ќе следува стабилизација на нивото кое ќе биде на крајот на вториот квартал. Во вакви услови целиот финансиски сектор носи одлуки со зголемена претпазливост.
Поради горенаведеново, финтек секторот во последниов период станува сè поконкурентен на банкарскиот сектор, особено поради индивидиуалниот пристап кон клиентите и отсуство на ригидност која сè уште постои во банкарскиот сектор.
Сето ова му овозможува на финтек секторот од година во година да го зголемува своето учество во македонскиот финансиски систем. Во вакво економско опкружување, Кредо кард е повеќе од подготвен да одговори на сите сегашни и идни предизвици. Иако сме „млади“ во финтек секторот, резултатите на Кредо кард ни потврдуваат дека сме на прав пат во остварување на зацртаните цели.
Добриот имиџ и репутацијата која секојдневно се трудиме да ја подигнеме на повисоко ниво се мери со задоволството на нашите клиенти што е обврзувачко во креирањето на најповолни кредитни производи.
Кредо кард е веќе етаблиран на домашниот пазар на финансиски услуги како домашна финтек компанија која брзо и експедитивно ги опслужува своите клиенти на најдобар можен начин преку најконкурентни и најевтини понуди кои ги задоволуваат потребите на крајните корисници.
Резултатите и позитивните коментари на нашите клиенти ни покажуваат дека Кредо кард се движи во вистински правец и е вистински партнер со крајните корисници.
Сето ова ни дава енерија да се движиме со побрзо темпо кон приближување на нашите услуги до што поголем број на граѓани кои би ги искористиле придобивките кои ги нуди Кредо кард преку најевтината понуда и најбрзата реализација на барањата кои ги имаат и ќе ги имаат во иднина.
Пред две години Кредо кард ги направи првите чекори со само тројца вработени, а денес по неполни 2 години постоење во Кредо кард се ангажирани 15 лица со тенденција да го задржиме трендот на зголемување на тимот кој ќе придонесе да се зголемат придобивките за нашите сегашни и идни клиенти следејќи го мотото на Кредо кард: ПАРТНЕРИ ЕДНАШ − ПАРТНЕРИ ЗАСЕКОГАШ!