„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Благој Попов, управител ФД КРЕДО КАРД ДОО СКОПЈЕ

21.03.2023

Економија и бизнис | печатено издание | април 2023г.

Борис Георгиевски, управител ФД Премиум фајнанс ДОО Скопје

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор, каде е во тие рамки вашето финансиско друштво и што носи иднината?
Тековната состојба во бизнисот ја оценувам како средно динамична, а во пресрет на претстојните законски измени и преструктурирања кои се очекуваат следствено. За нашата компанија тоа беше втора целосна година на работење, во која се потврди плодотворноста и потенцијалот на бизнис-моделот што го применуваме. Иднината би требало да донесе остварување на една унапредена визија за улогата и влијанието на нашиот сектор врз економскиот живот во државава, односно врз квалитетот и структурата на потрошувачката и стопанската активност што ќе ја генерираат нашите услуги.
Нашата компанија лани има склучено 1.105 договори за кредит, во вредност од 23.700.000 денари и има остварено приходи од 4.900.000 денари, а годината ја завршуваме со нето-добивка од 400.000 денари и со 12 вработени.