„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

X ФАКТОР ВО ПРОДАЖБА - КОНЦЕПТ НА ОДРЖЛИВА ПРОДАЖБА

27.09.2023

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Академијата D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија на 26 септември 2023 година организираше еднодневен специјалистички семинар на тема: X ФАКТОР ВО ПРОДАЖБА - КОНЦЕПТ НА ОДРЖЛИВА ПРОДАЖБА- .
    Целта на семинарот беше учесниците на најсофистициран начин да го совладаат концептот на одржлива продажба, следејќи и совладувајќи неколку модули:

  • Модул 1 – Како да креирате продажен пристап со кој континуирано ќе продавате?
  • Модул 2 – Како ефикасно да се управува со преговарачкиот процес?
  • Модул 3 – Како да се креира извонредно купувачко/потрошувачко искуство?
  • Модул 4 – Како да го доведете купувачот/потрошувачот во фаза “верник“, кога и ќе стане ваш   најголем потрошувач и промотер на вашите производи и вредности?
Семинарот беше преплетен со безброј примери од пракса и споделени искуства од предавачот Драгиша Ристовски,кој во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија постојано го задржува вниманието и ги мотивира слушателите. Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), е со повеќе од 26-годишно практично работно искуство на различни позиции – од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 16 години, а денес е експерт за директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и за лидерство. Автор е на 24 книги поврзани за продажни и лидерски вештини, меѓу кои и неколку бестселери. 
Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Постојано работи на унапредување на продажбата во повеќе реномирани компании низ регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семинари, обуки и предавања во сите поранешни југословенски републики, на кои учествувале повеќе од 60.000 слушатели