„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

СУШТИНСКА ПРОМЕНА ВО НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА И ВОСПОСТАВУВАЊЕ ПРИМАЕРЕН ФОКУС НА ЕКОНОМСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

25.10.2023

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески гостин во емисијата „Економска Дипломатија“ на македонската телевизија

Македонската дипломатија ширум светот функционира во рамки на скромни финансиски можности на државата за нејзина поддршка. Фактот дека финасиските ресурси се значително ограничени ја наметнува потребата од изострен фокус на македонката дипломатија кон работите што се од егзистенционално значење на македнската економија и држава, како што е извозот и првлекувањето странски директни инвестиции, вели во емисијата „Економска дипломатија“, претседателот Бранко Азески.
Укажува дека решението не е да се зголеми присуството во странските земји за уште неколкумина економски промотори од земјата. Потребна е суштинска промена во начинот на функционирање на македонската дипломатија, таа да стане стожер а не пропратна активност. Само така ќе може да функционира доминантно во функција на поддршка на македонксиот извоз, зголемување на присуството на постојните и пробив и освојување на нови пазари.
Целото интервју од претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во емисијата „Економска Дипломатија“ на македонската телевизија на следниот линк - https://play.mrt.com.mk/play/566675