„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

„ГРАДЕЖНИШТВОТО НА КРСТОПАТ“ – АМБИС ИЛИ УСПЕХ

03.11.2023

На првата годишна конференција за патна инфраструктура насловена „искуства, предизвици и персективи“, во организација на Здружението за градежништво, градежни материјали и неметали при Стопанската комора, која се одржува два дена во Охрид во присуство на највисокиот државен врв и истакнати членки на Здружението при Комората, експерти, претставници на државни институции, научната фела, во шест панел дискусии се дискутира за улогата и важноста на градежнот сектор во вкуната макеоднска активност но и предизвиците и како овој сектор да поттикне уште поголем економкси раст соглансо капацитетот со која располага. Конференцијата која е партенрски подржана од министерството за трансопорт и врски на едн место собра повеќе од 300 учесници.

Во своет излагање на првот панел налсовен – Градежништвото на крстопат, претседателот на Здружението при Комората констатираше дека Градежништвото е движечка стопанска гранка која има голем позитивен ефект врз растот на домашната економија, но од официјалните статистички податоци може да се забележи дека учеството и додадената вредност на градежништвото во БДП во последните четири години стагнираат. Од 7,1 % во 2015 година кога оваа стопанска гранка беше вистинска движечка сила на домашната економија, во последните четири години учеството на градежништвото во БДП во просек изнесува 5,5%. Додадената вредност на градежништвото значително опаѓа во периодот од 2016 до 2018 година кога е забележана негативна стапка на раст од -10,8 % што е впрочем и потврда на констатацијата на градежниците дека ова беше најтешката година за секторот во последната декада.
Показател за значењето и улогата градежништвото за развојот на економијата е и големината на секторот претставена преку податоците за бројот на активни компании, според кои градежништвото опфаќа 5.441 компанија или 7,7% од вкупниот број на активни компании на ниво на државата, според што, овој сектор е веднаш зад трговијата, преработувачката индустрија и транспортот. Бројот на градежни компании бележи растечки тренд во последните десет години, а во 2021 година споредено со 2011 година растот изнесува 23,7%.
Домашните градежни компании во минатото имаат стекнато значајни референци во земјата, но и многу пошироко во Европа и Азија. Меѓутоа, за жал, состојбите во изминатите дваесетина години се значително променети. Деловната клима која се креираше низ изминатите две децении најнапред преку интервенирање во критериумите за стекнување на овластувањата и лиценците, а потоа и преку креирање на практиката во доменот на јавни набавки каде речиси секогаш како критериум за доделување на договорите превладува критериумот најниска цена со што се остави можност да се намали квалитетот и да се зголеми нелојалната конкуренција на пазарот доведе до комплетно менување на сликата на македонското градежништво.
Здружението во континуитет своите актинвости ги темели на стручни материјали и иницијативи врз основа на анализи и податоци од релевантни институции, бидејќи само така може наместо празни флоскули, да се дадат основани препораки за развој на градежниот сектор.
Во рамки на панел дискусијаа на која покрај претседаелот на Здружението Серафимовски, учествуваа и министерот за транспорт Благој Бочварски, директорот на Jавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и професорот од градежен факултет Марковски, беш констатирано дека се успешни гардени прказни и раст на сектоорт во функција на развојот на вкупната економиа потребен е континуиран дијалог и обединување на сите чинители. На панелот беа констатирани и одредени поенти:
  • Да се поттикне окрупнување на капиталот кај градежните фирми, бидејќи формалната статистика покажува оти 0,12% од компаниите се со над 250 вработени, а истите создаваат 18% од вкупнта реалзиација во градежништвото;
  • Државата да подржи домашни компании за работа на грдаените ифраструктурни проекти, бидејќи сега 96% од градежните проекти со вредност од над 2 милијарди евра ги работата странски компании;
  • Во Законот за јавни набавки, најитно да се измени условот за миниална цена за добивање на градежни работи;
  • Предлогот Законот за градење кој го изготвува министерството за транспорт, по широка дебата со бизнис секторот и останатите засегнати страни во најкраток можен рок да биде донесен во собранието;  
  • Иднина на градежнот сектор нема, без актвно и сериозн учество на државата која пркеу буџетски средства и мешународни финансии ги финансира капиталните инвестиции;
  • Потребна е стратегија за развој на инфратсруктурата, з адасе одвои директното влијание на политиката врз бизнисот. Ова пред се ако се има фактот дека секој капитален објект трае подолго од манадатот на секоја политичка партија, и оттука за инфраструктурните проекти треба да се дефнираат чекори колку што е просекот на секоја политичка гарнитура;
  • Да се работи актинво на креирање на стручен високо квалификуван кадар, бидејќи сега итересот е значително намален за оваа дејнсот на огрдаежниот факултет;
Градежништвото како што вели Серфаимовски навистина е на крстопат, а овој крстопат е клучен. Понатака има само две насоки – или амбис или успех. Верувам вели тој дека досега имаме изградено солидна основа и потенцијал за успех. Меѓутоа за тоа, сите тука присутни, но и генерално како држава, бизнис заедница, образовни институции и други чинители во градежништвото треба да ги прифатиме последиците од нашето минато работење и во иднина да се фокусираме на развој на секторот.
Задржувањето на кадарот и одржувањето на конкурентноста на домашните компании треба да ни бидат приоритет бидејќи локалните граѓани и локалните компании се тие кои примарно го полнат буџетот и го обезбедуваат развојот. Во следните шест години нè очекува изградба на автопатски делници во должина од 108 километри на двата транспортни коридори кои минуваат низ државата. Ако се земе предвид дека во моментот, вкупната автопатска мрежа изнесува 242 km, тоа значи дека за само шест години се предвидува изградба на речиси ½ од постоечката автопатна мрежа која е градена низ историјата. Во такви услови, водејќи сметка за големината на државата , несомнено е дека следните години ќе бидат клучни за развојот на македонското градежништво, а домашниот инженерски кадар и домашните компании мора да бидат вклучени во градежната експанзија.
Тука не мислам на тоа дека Владата треба да работи наместо нас и да ни наоѓа работа. Таа треба да создаде амбиент, а ние да си го одработиме нашето. Под амбиент подразбирам квалитетна правна рамка и еднакви услови за работа за сите компании на капиталните проекти. Ако сакаме здраво стопанство, мора да имаме солидни закони и правна сигурност што подразбира дека законите доследно ќе се применуваат и ќе важат подеднакво за сите.
Расправата продолжува и вториот ден со стручни теми од областа на градежнитвото