„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

НОВИ АЛАТКИ ЗА УСПЕШНИ БИЗНИСИ

СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА ЦЕНТАРОТ ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

15.01.2024

Стопанската комора на Северна Македонија го формираше Центарот за микро, мали и средни претпријатија, со цел поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет на услуги и подршка за нивно непречено функционирање.

 
Денешната промоција ја организираме пред вас медиумите во присуство на дел од претставниците на микро, мали и средни компании, со цел да презентираме дека како Комора воведувајќи нови алатки за потребите на компаниите излагаме во пресрет на нивните потреби со цел поддршка на развојот, иновативноста и продуктивноста во целост, бидејќи без стопанство, државата не може да опстане, истакна извршниот директор на Стопанската комора м-р Антони Пешев. Како што истакна, улогата на микро малите и средни претпријатија претставуваат значаен и витален дел на економијата во секоја земја, вклучително и нашата, каде последните официјални статистички податоци покажуваат дека оваа структура на компании имаат доминантно учество од 99,6% во вкупниот број на активни деловни субјекти во државата, и воедно се најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70% од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна учеството на ММСП во додадената вредност која се креира во земјата е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ние како Комора знаеме дека однадвор сме препознаени како претставници на големите компании, кои покрај ниското учество од 0,3% во вкупните деловни субјекти во државата креираат околу 40% од додадената вредност и можеби тоа досега сме го истакнувале за да се разбере нивното економско значење и тежината од продонесот во домашната економија. Во нашата Комора, структурата на членството кореспондира со структурата на деловните субјекти дефиирани според нивната големина. Па така 86% од вкупните активни членки во СКСМ, се во групата на микро, мали и средни претпријатија. Затоа за нас клучен предизвик во наредниот период ќе биде, како на овие компании да им се помогне да остварат поголем раст и да придонесат во креирање на  поголема додадена вредност.
            Претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија при СКСМ, Габриела Кулебанова на денешната промоција истакна дека со оваа но и серијата нови алатки за успешни бизниси кои годинава се ставаат на услуга на компаниите, целтта е да се подржи економската активност. Во конкретниот случај преку Ценатрот на компаниите кои доминираат во структурата на нашата економија. Доколку ММСП сакаат да останат конкурентни и да играат позначајна улога како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар, мора постојано да се надградуваат, растат, да го зголемуваат бројот на вработени, да го зголемуваат опсегот на производи и услуги, пазарите, а со тоа да остваруваат и поголем профит, за што е потребно континуирано следење и имплементирање и на стандардите, за што треба да имаат континуирано информирање со цел запознавање на важноста и потребата од следење на овој процес. Токму во тој дел Центарот при Комората ќе има значајна улога, посочи Кулебанова.
Микро, малите и средни пртепријатија, искуствено се потрдува дека се поттикнувачи во процесот на воведување на иновативни решенија, и се активни креатори и следбеници на сите нови текови кои глобалните пазари ги инсталираат. Но слабоста на оваа форма на правни субјекти е што тие сами индивидуално не се во можност да имплементираат големи процеси за кои се потребни соодветни инвестиции, кадар, опрема, а воедно се соочуваат и со недостиг од соодветни менаџерските вештини, капацитет на работната сила.
Од друга страна, во поглед на големите компании, тие се во подредена положба поради малиот број на работници во деловните субјекти да немаат можност секогаш да бидат во тек со сите потребни инофрмаии и да може да преземаат соодветни дејствија за надминување на бариерите како и следење на законксите процеси.
Нотирајќи ги сите овие работи, дефинирани се и целите на делување на Центарот во интерес на компаниите.
Новата услуга за микротот мали и средни претпријатија преку Центарот ќе игра значајна улога и во поддршката и поттикот на ММСП на патот кон ЕУ интегративните процеси, користењето на програмите кои ги нуди Европската унија за подигнување на капацитетите на овие копании на различни нивоа (иновативност, конкуретност, дигитализација, екологија, менаџмент).  
Владите на многу земји ја препознаваат виталната улога и важноста на малите и средни претпријатија и затоа прават чекори со кои воспоставуваат услови кои ќе го фаворизираат нивното делување. Оттука и во нашата држава, фокусот треба да биде кон факторите кои влијаат на растот и развојот, а кои се рефлектираат во активностите на малите и средни претпријатија, како што се несолвентноста, процедурите за регистрација на бизнис, инфлацијата, невработеноста, инвестициите во истражување и развој, кредитирањето, што имаат сериозно влијание врз растот мерен според БДП по глава на жител. Добиените резултати покажуваат дека единствена променлива која има статистички значајно влијание врз БДП по глава на жител е кредитирањето на приватниот сектор. Исто така, резултатите покажуваат дека инвестициите во истражување и развој имаат позитивен ефект врз БДП по глава на жител, како и во решавањето на несолвентноста и инфлацијата, како и процедурите за започнување бизнис. Ваквите наоди укажуваат дека треба да се фокусираме токму на споменатите фактори доколку сакаме да го поттикне растот измерен преку БДП по глава на жител преку малите и средни претпријатија.