„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Соработка академија - бизнис: клуч за зголемена конкурентност преку воведување на концепт на зелена и циркуларна економија

30.01.2024

И после 10 години Стопанската комора останува на патот да претставува мост помеѓу образованието и бизнисот, за што потврда се и активностите кои ги реализираме овие денови во насока на беспрекорно функцонирање на врската за обезбедување стручен кадар за потребите на стопанството, посочи претседателот на Стопанска комора Бранко Азески, на прес конференција со проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Целтта на пресот беше промоција на проектот “Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука-бизнис” што во рамки на програмата на министерство за економија за колаборативни проекти во делот на имплементација на паметната специјализација, дигитална и зелена трансформација на индустријата на кој аплцираше УГД, а Комората е партнер во истиот.

Ние како Комора вели Азески работиме активно на обединување и ставање во функција на сите чинители во државата, особено поинтензивно поврзување со науката со цел да испорачаме конкретна поддршка за нашите компании во нивните напори за воведување на нови технологии, иновации и зелена транзиција како основа за поголема конкурентност на Европскиот пазар.
Преку овој проект ќе им овозможиме на нашите компании да ги користат лабараториите и истражувачката инфраструктура на Универзитетот во делот на циркуларна економија и зелена екомомија и да користат научна и стручна експертиза во делот на исполнување на меѓународните стандарди за заштита на животната средина и зелената трансформација.
Истовремено, преку конкретни примери успешно го илустрираме капацитетот и посветеноста на Комората да биде вистински сервис на нашите компании и поддршка во развојот на нивните бизниси. Во изминатиот период обезбедивме техничка поддршка за финансирање на инвестициски проекти на повеќе компании, работиме со компаниите во делот на зголемување на нивниот извоз на нови пазари и воведување на нови дигитални решенија во нивното работење. Сега почнуваме со поддршка на компаниите во делот на воведување на концептот на циркуларна економија преку креирање на нови иновативни производи со ре-употреба на материјали и имплементирање на меѓународни еколошки стандарди за заштита на животната средина.
Ние во Комората секогаш сме визионери и секогаш ги предвидуваме идните трендови и процесите во бизнисот и затоа нашата цел во наредниот период во еден дел секако ќе бидат прашањата поврзани со циркуларната економија и зелена транзиција како важни аспекти на бизнисот, посочи претседателот на СКСМ.
Целта на проектот е градење на платформа за долгорочна соработка помеѓу науката и бизнисот во делот на развивање и примена на нови научно засновани концепти и решенија на циркуларна и зелена економија во рамки на македонската индустрија, вели ректорот на УГД Штип, проф д-р. Мираковски.
Во рамки на проектот како што информираше, предвидено е креирање на дигитална платформа базирана на два меѓусебни поврзани центри: Бизнис центар за циркуларна економија и Научно-истражувачки центар за циркуларна и зелена економија. Нашата крајна цел како наука заедно со бизнисот е да придонесеме кон градење на подобра и поквалитетна средина за сите граѓани во земјата преку истовремено развивање на индустријата и заштита на животната средина. Тоа можеме да го постигнеме заедно и обединето сите чинители и токму овој проект помеѓу Стопанската комора и Универзитетот Гоце Делчев поддржан од страна на државата е конкретен пример за тоа, истакна ректорот.