„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
13.02.2024
Според сите параметри, извозот е во најдобра кондиција, покажува најдобри бројки, што ни дава дополнителна мотивација за да ги насочиме сите сили натаму. Да ја убедиме Владата дека поддршката за извозот мора да оди директно од буџетот кон компаниите и на тој начин да се стимулираат извозните активности зашто македонскиот пазар е мал, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, кој истовремено е и претседател на Националниот совет за извоз на линковското вклучување во дневникот на МРТ.