„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ЗАПАДЕН БАЛКАН - ЕДНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ

22.05.2024

Во Конгресот на САД, во Вашингтон потпишан Меморандумот за соработка на стопанските комори на Западен Балкан во областа на туризмот.

Стопанските комори од земјите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија), во Вашингот преку свои високи претставници го потпишаа заеднички меморандум со Соединетите американски држави за соработка во областа на туризмот. Проектот, кој е „прв, заеднички чекор во претставувањето на Западен Балкан како единствен туристичка дестинација за американските посетители“, треба да биде потврда за добрата регионална соработка. При тоа беше истакнато дека соработката во туризмот може да има голем мултипликативен ефект врз многу други економски сектори и дека проектот е одлична можност за регионот.
Проектот треба да биде основа за создавање платформа за реализација на проекти кои се од взаемен интерес, и да го привлече вниманието на американскиот пазар, на поинаков, позитивен начин. Заедничките иницијативи во областа на туризмот кои веќе постојат во некоја форма во регионот се многу значајни и ова е уште еден чекор на патот кон забрзување на соработката со цел да се постигнат конкретни проекти кои ќе придонесат за раст на туристичкиот сообраќај и зајакнување на економиите на сите земји.
За да се обезбеди побрз раст, треба да се ажурираат туристичките политики, стратегии и регулативи и мора да се направат понатамошни инвестиции во развој на производи, а потврда за тоа се и податоците за годишниот индекс на конкурентност на туристичката индустрија што на секои две години го креира Светскиот економски форум и кој ги рангира поголемиот дел од земјите од регионот на ниско ниво:  Словенија на 39 место, Хрватска на 46, Црна Гора 67, Србија 70, Албанија 72, Северна Македонија 87 место и Босна и Херцеговина на 95 место.
Активност на потпишувањето на меморнадумот е во организација на Трансатлантската мрежа на лидери и Европскиот центар на Атлантскиот совет од Вашингтон, во рамки на дво дневниот Економскиот форум на Југоисточна Европа (20 и 21 мај 2024 гоидна), кој се одржа во Конгресот на САД, а во рамки на кој покрај за регионалната соработка на кој дискутираа претставниците на коморите од Западен Балкан, беа реализирани и панел дискусии за, енергетика,  диверзификацијата на енергетските ресурси и предизвиците и можностите што ги дава транзицијата на зелената енергија, за реформи во судството и борбата против корупцијата и организираниот криминал, проблеми со кој се соочуваат сите земји во регионот, но и за дигитализацијата, банкарството и можностите за финасирање на бизнисите.    
На дво дневниот настан учествуваа државни претставници од САД, претставници на коморите, деловни здруженија, американската администрација и експерти кои се занимаваат со Западен Балкан.