„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

АМБАСАДОРИТЕ НА КУБА, ПАКИСТАН И ЕГИПЕТ ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА

16.09.2024

од средбата со амбасадорката на Куба

Потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, оствари работни средби со: амбасадорката на Република Куба со седиште во Софија, Н.Е.Мариета Гарсија Хордан, со амбасадорот на Исламска Република Пакистан со седиште во Софија, Н.Е. Модасар Чаудри и со амбасадорот на Арапска Република Египет со седиште во Софија, Н.Е. Надер Саад.

На средбите, од страна на потпретседателката Георгиева-Јовевска беше претставена целокупната работа и функционирање на Комората притоа истакнувајќи дека од заеднички интерес е да се работи на можностите за интензивирање на соработката преку организација на заеднички форуми, деловни средби и други облици на поврзување на компании од секторите каде што постојат потенцијали и интерес за соработка со соодветната земја. Георгиева Јовевска подвлече дека главни столбови кон кои се насочени активностите на Комората се извозот, односно поддршката на извозните компании, инфраструктурата, односно изградба на ифраструктирните проекти од интерес за земјата и пошироко, како и инвестициите. Исто така таа потенцираше дека главниот предизвик со кој се соочуваат компаниите во своето работење е недостигот од стручна и квалификувана работна сила за што Комората е активно вклучена во активности за дуално образование со самите компании и ресорното министерство. Стопанската комора е гласот на бизнис заедницата а најважните нешта што компаниите го бараат се предвидливата работна средина, функционирање на правниот систем, вистинско консултирање при носење на законите од значење за бизнисот....

од средбата со амбасадорот на Пакистан

Северна Македонија како мала и отворена економија има потенцијал за соработка и затоа освен тоа што е потребно да се стави акцент на подобрување на инфраструктурата, зголемувањето и поддршката на извозот и на инвестициите, исто така важно е и регионалното поврзување и заедничкото интегрирање посебно преку иницијативата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на 6-те економии на Западен Балкан. КИФ како регионална иницијатива која ги интегрира стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора претставува одлична можност за продлабочување на соработката и заштита на интересите на повеќе од 300.000 компании, со мисија да ја поврзе деловната заедница од регионот, да ја поттикне конкурентноста, да ги елиминира бариерите со кои се соочуваат компаниите и да ги подобри економиите.

од средбата со амбасадорот на Египет

Нашата држава со Република Куба има многу ниско ниво на трговска размена а секако дека постои можност за продлабочување на истата во секторите економија, медицина, образование, туризам, култура... Од страна на амбасадорката беше посочено кубанското искуство во медицината и фармацевтската индустрија и можноста за размена на искуства и услуги посебно и во овие области.

Исламската Република Пакистан е 66-ти трговски партнер на РСМ во периодот јануари-јули 2024 година со многу ниско ниво на трговска размена. Постојат можности за поголемо искоритување на потенцијалите на двете земји и подобрување на структурата во размената.

Арапска Република Египет е 50-ти трговски партнер на РСМ за шесте месеци од оваа година. Се забележува раст на трговска размената во различни области како што се земјоделството, прехранбената и текстилна индустрија, состојба која треба да се продлабочува и унапредува во овие и другите сектори како во енергетиката, минералните суровини, туризмот...

Со сите земји со кои се реализираше посетата од страна на амбасадорите и потретседателката на Комората беше подвлечено дека постојат можности за поголема меѓусебна соработка, а регионалното поврзување, односно регионално интегрирање на бизнисите и поврзување со овие земји со кои се остварија работните средби можеби е еден од начините за ефикасно создавање подобри резултати на среден рок.