„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
06.12.2024
Седум обуки со повеќе од 250 учесници од над 150 извозно ориентирани компании се реализираа во период од 4 месеци (од септември до декември 2024 г.) во рамките на активностите на Тренинг-центарот на Институтот за извоз при Стопанската комора, кој беше основан годинава како дел од активностите на Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, кој го реализира Комората во партнерство со УСАИД.
Тренинг-центарот во оваа прва година од своето функционирање постави вкупно единаесет модуларни обуки како дел од програмите „Како да започнете со извоз на меѓународните пазари“ и „Извозен менаџмент“, а се реализираа седум обуки на следните теми:
Фокусот на Тренинг-центарот е насочен кон развивање на човечките ресурси во областа на надворешнотрговското работење преку испорака на обуки. Во рамките на модулите беа опфатени повеќе од 40 теми кои се од големо значење за организирање на извозното работење.
- Обуките во рамките на првата програма „Како да започнете со извоз на меѓународните пазари“ се наменети за компаниите кои сакаат да започнат извозни активности, но немаат доволно знаења за да го направат тоа.
- Обуките во рамките на втората програма „Извозен менаџмент“ се наменети за компаниите постојни извозници кои сакаат да го унапредат своето работење и да го прошират опсегот на земји/пазари на кои ќе ги пласираат своите производи.
Предавачите на обуките, кои се истакнати домашни и странски експерти, претставници на академската фела и на приватниот сектор, им ги пренесоа своето теоретско знаење и богатото практично искуство на учесниците, повеќе од 250 лица од над 150 извозно ориентирани компании.
Водени од потребите на компаниите за пристап до соодветните знаења, вештини и експертиза во областа на надворешнотрговското работење, како и од расположливоста на ресурсите, Институтот за извоз како професионално тело е формиран со цел поддршка во градењето на кадровските капацитети на македонските извозно ориентирани компании. Активностите на Институтот за извоз продолжуваат и во текот на 2025 година остварувајќи ги целите за градење конкурентни македонски компании кои ќе се интегрираат во регионалните и во глобалните вредносни синџири.