„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Вештини за примена на компаниските правила и процедури

06.12.2024

Растот и развојот на компанијата се гледаат и во нејзиното вложување во унапредување на знаењата и на вештините на сопствениот кадар. Во таа насока, во рамките на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора, а во соработка со Бизнис-центарот за тренинг и обуки, беше реализирана тридневна обука за програмата „Вештини за развој на средниот менаџмент“, наменета за припадниците на средниот менаџмент во компаниите, а фокусирана на развивањето вештини за средниот менаџмент, кои треба да им помогнат на вработените при спроведувањето на нивните секојдневни активности, односно соодветно толкување и претставување на стратегиите усвоени од топ менаџментот пред вработените од соодветниот тим.

Програмата „Вештини за развој на средниот менаџмент“ се состои од 9 модули преку кои учесниците во обуката се здобија со соодветни знаења и вештини за:

- примена на компаниските правила и процедури;

- соодветно следење и унапредување на работата на вработените преку соодветно доделување работни задачи и надзор над нивното извршување;

- претставување нови иницијативи за подобрување на продуктивноста во одделот или на самата операција за која се одговорни припадниците на средниот менаџмент;

- поттикнување и инспирирање на вработените за зголемување на продуктивноста во компанијата; намалување на одливот на вработени и подобрување на процесот на регрутација на нови вработени;

- соодветно планирање, распределба и употреба на ресурси во одделот (или процесот) за кој се одговорни;

- соодветно администрирање на спроведените активности.

На крајот на обуката учесниците полагаа тест за вреднување на нивното знаење и се здобија со сертификат.

Предавач на обуката беше Дејан Стојановиќ, кој поседува долгогодишно искуство во реализацијата на обуки во национален и во регионален контекст.