„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Целта на осигурително-брокерската дејност е да се претстават потребите и барањата на клиентите (правни и физички лица) и да се понуди целосна и сеопфатна услуга во изнаоѓање најдобри решенија за потребите од осигурување на клиентите, а сето тоа со една финална цел – квалитетно осигурително покритие и најбрзо ефикасно реализирање на отштетните побарувања.
Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување, како претставници на клиентите и воедно како посредници меѓу осигурениците и осигурителните компании, можат да придонесат многу за развојот на самата осигурителна дејност, пред с?, преку согледување на реалните потреби на осигурениците и нивно обезбедување преку соодветните понуди на осигурителните компании.
Со донесувањето на Законот за супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002), се создадоа услови за основање на осигурително-брокерски друштва како друштва за посредување во осигурувањето.
Со цел унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми, осигурително-брокерските друштва на 06.07.2011 година формираа Асоцијација на осигурително-брокерски друштва како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата може да членуваат сите осигурително-брокерски друштва.
Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва е неминовно потребна заради усогласување на интересите во рамките на дејноста, како и потребата да учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување на закони и за измена и дополнување на истите, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка.
Асоцијацијата своите активности ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, како и други активности од дејноста се` со цел за остварување на подобри резултати и за заштита на клиентите во работењето.
⮞ Оливера Клинчарова, Претседател, ДЕЛТА ИНС БРОКЕР АД Скопје, Скопје
⮞ Виолета Попвасилева, Заменик претседател, НЕЗАВИСЕН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР (НОБ), Скопје
⮞ Елена Тодорова, Заменик претседател, АМ Брокер, Скопје
Асоцијација на осигурително-брокерски друштва работи согласно актите на Комората и согласно Правила за организирање и начин на работа на Асоцијацијата.
27.01.2023
Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Северна Македонија на 25 јануари ја одржа својата прва редовна седница во 2023 година. На седницата се диску...