„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација на рибарството

Во Групацијата за рибарство членуваат правни лица - претпријатија кои се занимаваат со организиран начин на размножување и производство на прасиња и индивидуални производители на свинско месо:

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите на членките пред надлежните институции и органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов и зголемување на нивната соработка;
- согледување на можноста за заеднички пласман на произведените количини свинско месо;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно целосно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Елеонора Димовска-РИБНИК ДОШНИЦА, Неготино

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА

Општествените и политичките промени во последната деценија негативно се одразија на секторот рибарство (воведување на пазарни услови, намалена улога на Владата поради финансиски ресурси, опаѓање на потрошувачка моќ на граѓаните, и т.н.), што резултираше со намалување на важноста на улогата на секторот за рибарство и аквакултури во севкупната економија. Сепак, секторот локално има важно економско значење за туризмот и реставрацијата, и општествените и еколошките улоги кои не треба да се занемарат во урамнотежена и разнообразна политика за земјоделство и рурален развој.

Во Македонија областите за риболов опфаќаат околу 56.000 хектари од кои 83% се природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско), 11 % се вештачки езера, 4% се реки и 1% се рибници. Рибарството има многу мал удел во БДП (само 0,1%) и вработувањето во рибарскиот сектор е истотака на ниско ниво. Вкупниот лов на риба од отворени води постојано се намалува, додека производството на вештачки рибни езера се зголемува.

Законот за рибарство го регулира комерцијалниот риболов, спортскиот риболов и прозводството на риба. Секторот за рибарство е под надлежност на МЗШВ, која издава дозволи на комерцијални компании и спортски рибарски здруженија и издава дозволи за изградба на рибни фарми. Националниот Земјоделски Инспекторат е задолжен за мониторинг и контрола. Во Македонија нема рестрикција на вкупната количина на фатена риба, но режимот за користење на рибни производи од водите за риболов се базира на годишни програми, кои ги земаат во предвид биолошките карактеристики на дозволените рибни видови за размножување и риболовот е пропорционален со природната стапка на пораст. Спортскиот риболов е ограничен на одреден број на денови во годината и на употреба на дозволена опрема за риболов.

Порибувањето со квалитетни риби во Р. Македонија ќе биде дозволено откако новиот Закон за рибарство и аквакултура ќе биде усвоен , што ќе ги регулира сите активности на под-секторот.

Рибата произведена во рибници на пазарот се продава свежа и непреработена. Свежа риба се продава типично на локалните пазари преку продавници или директно до рестораните. Побарувачка за специфични видови на риба (Охридска пастрмка и јагула и Дојрански и Преспански крап) ја надминува понудата, што резултира во повисоки цени.

Според официјалната статистика, просечно домаќинство конзумира околу 22,3 кг риба и рибни производи (што резултира во околу 6-8 кг годишна потрошувачка по глава жител), што е ниско во споредба со земјите на ЕУ (околу 20 кг годишно по глава жител). Македонија е нето увозник на риба и рибни производи. Вкупниот увоз на риба и рибни производи во периодот од 2000 - 2018година бележи постојан пораст. Поголемиот дел од увозна риба и рибни производи во 2018 беа замрзната морска риба со околу 50% од вкупната вредност на увозот; потоа конзервирана риба (цела или во делови) со околу 38%; и свежа риба со околу 6%. Останатите 6% ги сочинуваат рибно филе, школки, мекотели, чадена риба и кавијар. Најголем дел од вредноста на увозните рибни производи во 2011 беа увезени од Аргентина (23,2%), Хрватска и Шпанија (секоја со по 10%), Грција (5,5%), потоа Бугарија, Србија и Црна Гора.

⮞ Елеонора Димова, Претседател, ДОШНИЦА, Неготино

⮞ Вангел Стефановски, Рибоекспорт, Скопје

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДОБИВАЊЕ ВОДОСТОПАНСКИ ДОЗВОЛИ И КОНЦЕСИИ

1. Групацијата за рибарство и аквакултура бара од Управата за води да оди на лице место кај производителите на риби за да издаде водостопанска дозвола.

2. Да се формира посебен сектор за рибарство, во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде ќе се согледуваат и решаваат проблемите на рибопроизводителите.

3. Законски изградените рибници т.е веќе изградените рибници да бидат заштитени од надавањето на тендерот при добивање на концесии.

4. Да се добие бараниот износ за субвенции за рибарството во износ од 85 милиони денари, а не како што сега се одобрени 8.5 милиони денари.

5. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, да им издаде дозвола за рибарство и аквакултура на сите регистрирани рибопроизводители.

6. Да се одобрат или пренаменат повеќе средства за рибарството, од веќе одобрените 28 милиони денари од страна на секторот за рурален развој, со што ќе се овозможи развој на оваа дејност.


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: [email protected]