„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Групацијата за погребни и придружни дејности е конституирана на 20.12.2005 година.
Групацијата за гробишта и погребални услуги при Стопанската комора наМакедонија се занимава со организација,анализирање и решавање на проблемите на Управителите на Гробишта и Операторите кои вршат дел од активностите делегирани во соодветниот Закон за гробишта и погребални услуги од 14.07.2008 објавен во службен весник број 86/08
Работата на комуналните претпријатија кои се занимаваат со оваа дејност во рамки наГрупацијата за гробишта и погребални услуги е дефинирана и усогласена согласно Законот за Комуналнидејности.
На состанокот одржан на ден 30.01.2013 година е избрано ново раководство на Групацијата за гробишта и погребални услуги. За претседател на групацијата е избран Сашо Наќев директор на ЈП погребални Услуги од Свети Николе, а за негов заменик раководителот на секторот на погребални услуги од ЈП Дервен од Велес, Ганчо Цуинов. На состанокот беше предложено и едногласно усвоено, групацијата на гробишта да се преименува во групација за гробишта и погребални услуги согласно името на новиот закон кој ја дефинира работата на оваа дејност.
Со Законот за гробишта и погребални услуги се уредува начинот на определување, изградба, одржување, употреба и видови гробишта, управување со гробиштата, употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Групацијата за гробишта и погребални услуги обединува повеќе од 50 фирми, Посебни јавни претпријатија кои исклучиво се занимаваат со дејност гробишта и погребални услуги или се дел од Јавните комунални претпријатија во рамки на општините.
Групацијата за гробишта и погребални услуги бара измени и дополнувања на законот за гробишта и погребални услуги донесен во 2008 година. Изминатите 4 години покажаа дека законот таков како што е направен не функционира. На терен има многу проблеми околу имплементација на законот. На повеќе од 70% од територијата на земјата со над 30% од вкупното население, дел од членовите на законот се неприменливи, констатираа претставниците од комуналните претпријатија на денешниот состанок на групацијата. За таа цел групацијата ќе иницира измени на законот и барање за повторно враќање на дел од ингеренциите кои со овој закон преминаа во надлежност на операторите.
⮞ Тони Зајков, БУТЕЛ АД, Скопје
Предлог законот за гробишта и погребални услуги изработен во министерството за транспорт и врски, разгледуван од групацијата за гробишта и погребални дејности 21.04.2015
Групацијата за гробишта и погребални дејности, во рамки на здружението на комунланите дејости при Стопанската комора на Македонија, на работна седница го разгледуваше Предлог законот за гробишта и погребални услуги изработен во министерството за транспорт и врски. При тоа присутните констатираа дека ако се земе во обзир дека целта на новиот предлог на Законот за гробишта и погребални услуги е да се надминат одредни слабости и недостатоци на постоечкиот закон а особено во делот на управувањето со гробиштата и вршењето на погребалните услуги, а пред се од аспект на подобрување на услугите кон граѓаните кои се крајни корисници и плаќаат за истите и очекуваат со новите Законски решенија да добијат поповолни и подобри услуги од досегашните, тогаш предлог текстот треба да биде во делови изменет а в о други делови дополнет.
Имено, јавните комунални претпријатија предлагаат во помалите општини каде се уште нема оператори за погребални дејности, тие да го вршат чинот на погребување, се до појавата на оператор кој ќе најде економска исплатливост во преземање на дејноста на ниво на одредена општина. Како друга забелешка е законот да не ограничува еднаш годишно да се плаќа гробарината, туку одлуката како ќе се плаќа да ја носи советот на секоја општина поединечно. Да не се ограничува ниту можноста да се резервира гробно место однапред.
На состанокот беа констатирани и други забелешки и предлози кои во форма на предлози од групацијата за гробишта и погребални дејности, при комората, ќе бидат доставени до министерството за транспорт и врски како носител на законот.
Членовите на групацијата на денешниот состанок повторно алармираа за функционирањето на гробишта надвор од системот, како што се селските и верските гробишта кои не се управувани од управители, туку верските односно селските одбори управуваат и ги вршат закопите.
На крајот на состанокот беше заедничко констатирано дека во следниот период, фокусот треба да биде ставен на казнените одредби и на работата на надлежните инспекциски служби, бидејќи само со редовна контрола на имплементација на законот има можност да се стави ред во работата на оваа дејност.
Даниела Михајловска Василевска
Јавните комунални претпријатија ќе подржат Закон за гробишта и погребални услуги кој ќе обезбеди непречено функционирање на ниво на сите општини 15.01.2015
Групацијата за гробишта и погребални услуги во рамки на Здружението за комунални дејности, на денешната седница во Стопанската комора на Македонија ја разгледуваа првичната работна верзија на новиот предлог Закон за гробишта и погребални услуги, изработен од надлежното министерство за транспорт и врски. На состанокот освен претставници од комуналните претпријатија присутни беа и од ресорното министерството за транспорт и врски чија цел беше да ги слушнат забелешките од комуналните претпријатија на работана верзија на законот.
Општиот впечаток на фирмите кои се занимаваат со дејноста гробишта и погребални услуги е дека, предложениот закон во глобала е добар и со него ќе бидат решени поголемиот дел од актуелните проблеми со кои компаниите се среќаваат на терен при имплементација во пракса. Сепак за дел од предложените членови или ставови, претставниците на фирмите алармираат дека треба да бидат земени во предвид нивите забелешки, бидејќи во спротивност ќе се случи повторно неприменливост на законот во дел од општините. Особено проблемот останува во помалите општини, каде на годишно ниво бројот на погреби е мал и економски неоправдан за истиот да го вршат приватни компании чија основна цел е работа за профит. Во таа насока групацијата за гробишта и погребални услуги е на став дека изготвувачот на законот треба да ги земе во предвид овие факти и сепак да предвиди решение со кое на јавните комунални претпријатија ќе им се дозволи да вршат дејност погребување и другите дополните услуги во случај кога приватни оператори немаат интерес тоа да го прават на ниво на одредени помали општини.
Своите забелешки групацијата за гробишта и погребални услуги при Стопанската комора на Македонија, ќе ги достави и официјално до министерството за транспорт и врски во предвидениот рок.
Даниела Михајловска Василевска
Групацијата за гробишта и погребални услуги со барање - РЕМОНТ НА ЗАКОНОТ ОД 2008 ГОДИНА БИДЕЈЌИ НЕ ФУНКЦИОНИРА! - 30.01.2013
Групацијата за гробишта и погребални услуги бара измени и дополнувања на законот за гробишта и погребални услуги донесен во 2008 година. Изминатите 4 години покажаа дека законот таков како што е направен не функционира. На терен има многу проблеми околу имплементација на законот. На повеќе од 70% од територијата на земјата со над 30% од вкупното население, дел од членовите на законот се неприменливи, констатираа претставниците од комуналните претпријатија на денешниот состанок на групацијата. За таа цел групацијата ќе иницира измени на законот и барање за повторно враќање на дел од ингеренциите кои со овој закон преминаа во надлежност на операторите. Како дејност од јавен интерес активностите кои произлегуваат од работењето во дејноста според учесниците на денешниот состанок треба да и се дадат поголеми ингеренции на локалната власт. На состанокот учествуваа и претставници на државниот комунален инспекторат кои посочија дека согласно контролите што ги прават на терен постојат многу забелешки во работењето на комуналните претпријатија. Праксата според нив покажува дека во поголемите градови постои целосна усогласеност со законот но истиот не е применлив во помалите општини каде бројот на погреби не ја оправдува економската логика операторите да се пријавата и да работат на таа територија.
Беше посочено и дека за разлика од управителите на гробишта за кои постојат и права и обврски дефинирани во законот, за операторите постојат само права но не и дефинирани обврски. Како дилема останува и постоењето на солидарен фонд во дел од општините. Но како што посочија комуналните инспектори и за оваа социјална бенефиција за поголем број од населението постои начин како да биде дефинирана односно реализирана согласно законските прописи.
На денешната седница беше избрано и ново раководство. За претседател на групацијата е избран Сашо Наќев директор на ЈП погребални Услуги од Свети Николе, а за негов заменик раководителот на секторот на погребални услуги од ЈП Дервен од Велес, Ганчо Цуинов. На состанокот беше предложено и едногласно усвоено, групацијата на гробишта да се преименува во групација за гробишта и погребални услуги согласно името на новиот закон кој ја дефинира работата на оваа дејност.
Групацијата за погребни и услужни дејности одржа седница на 28.9.2007 година, на која го разгледуваше текстот на Предлогот за донесување на Закон за гробишта и погребални услуги, при што го усвои следното Мислење и истото го достави до Министерството за транспорт и врски.