„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Групацијата за лифтови е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производство на лифтови и нивни делови, поправка сервисирање и одржување на истите.
Во Групацијата членуваат околу 17 правни лица репрезенти кои се занимаваат со производство на лифтови и нивни делови, поправка, сервисирање и одржување на истите, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област.
Основни цели и задачи во работењето на Групацијата се разгледување прашања во врска со унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, претставување и промоција на интересите на членките, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси, усвојување заклучоци и предлагање мерки, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницирање и остварување соработка со други здруженија и стручни асоцијации, како и остварување меѓународна соработка и имплементација на европските правила и стандарди и други.
Претседател на Групацијата е г-дин Димче Поповски од Сервис ДАКА од Битола.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Производство на лифтови и нивни делови, поправката, сервисирањето и одржувањето на истите е дејност од посебно значење, како и услужна дејност преку која се врши монтирањето, сервисирањето и одржувањето на лифтовите.
Соочувајќи се голем број на проблеми, формирањето на Групацијата се наметна како потреба во услови кога во земјата треба да се имплементираат директивите на ЕУ од оваа област, како и доследно да се имплементираат националните прописи поврзани со пуштањето на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови, безбедната употреба на лифтови и за техничкиот преглед на лифтовите, а со кои се уредуваат суштествените барања што треба да ги исполнуваат лифтовите, постапката за оцена на сообразноста при нивно пуштање на пазарот, безбедната употреба, техничкиот преглед и сл.
Исто така, Институтот за стандардизација, односно Техничкиот комитет за лифтови, подвижни скали и транспортни ленти донесува и треба да донесе и усвои повеќе стандарди од оваа област каде преставниците на Групаацијата даваат активен и значаен придонес.
Оваа дејност се соочува со бројни проблеми како што се цените на лифтовите, монтажата и одржувањето на истите, нелојалната конкуренција, наплатата на извршените работи, поради што се наметнува и потребата од донесување на етички кодекс за работењето на членките.
Донесен нов Правилник за користење на лифтови и транспортери
Врз основа на член 19 од Законот за техничка инспекција Сужбен весник на РМ бр.88/2008, донесен е Правилник за користење на лифтови и транспортери објавен во Службен весник бр.26/09 од 24.02.2009 година.
Со овој правилник се пропишува техничката опрема која е предмет на технички преглед и периодични испитувања, ставање во употреба и користење на техничката опрема, временскиот распоред, активностите начинот и постапката за вршење на технички прегледи и периодични испитувања.
Исто така се се пропишани поблиските услови кои треба да ги исполнуваат независните правни лица што учествуваат во постапката за технички преглед и периодични испитувања и видот на документите кои ја следат техничката опрема при ставање во употреба и при користење.
Со стапување во сила на овој правилник престанува да важи Правиникот за безбедна употреба на лифтови и за технички преглед на лифтови Службен весник на РМ бр.23/2007, престануваат да се применуваат повеке правилници од СФРЈ како што се за технички нормативи за лифтови на електричен погон за вертикален превоз на стока, за технички нормативи за фасадни лифтови на електричен погон, за технички нормативи за висечки скалила на електричен погон и за технички нормативи за подвижни скали и ленти за превоз на луге.
⮞ Димче Поповски, Претседател, СЕРВИС ДАКА, Битола
⮞ Зоран Максимовски, СЕЗАЛ, Скопје
Групација за лифтови – НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ЈА ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО
Областа пуштање во промет, монтирање, сервисирање и одржувањето на лифтовите е регулирана со повеќе закони и правилници како што се: Законот за градба, Законот за техничка инспекција, Законот за безбедност на производи и други.
Иако оваа материја е регулирана со повеќе закони, не е регулирано издавањето на лиценци за монтажери и сервисери за одржувањето на лифтови, има присуство на нелојална и нестручната конкуренција која се јавува со работењето на „дивите“ монтажери на лифтови. (Повеќе)
Допис до министерство за економија (Повеќе)
Иницијатива за расправа за надминување на проблемите во спроведување на Правилникот за пуштање на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови( Сл. весник 23/07) и Правилникот за безбедна употреба на лифтови и за технички преглед на лифтови( Сл. весник 23/07).