„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
07.11.2024 - 26.11.2024 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија сала 1 на 5-ти кат, време: 11:00 – 16:00 часот
Семинарот дава одговори на следните прашања:
Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?
Што значи новото правило DPU?
Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA, CIP или CIF?
Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
Што е разликата помеѓу CIP и CIF?
Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?
Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Северна Македонија, организира семинар на тема: INCOTERMS 2020 – СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО НАДВОРЕШНОТО ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ, што ќе се одржи на 27.11.2024 година (среда), од 11:00 до 16:00 часот.
- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
- Предностите на ИНКОТЕРМС
- Тие се дел од Договорот за ...?
- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?
- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;
- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;
- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020
- Основните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:
EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF.
Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.
- Карло Змајшек, поседува повеќе од 30 годишно искуство во делот на шпедитерското работење. Член е на МИФА (Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори) од нејзиното основање во 1993 година. Во рамките на разни проекти и унапредување на знаењата има одржано повеќе од 200 интерактивни обуки од надворешно трговското работење, најмногу за Инкотермс. Автор е на книгата „Практичен прирачник за правилата ИНКОТЕРМС 2010“. Долгогодишен член на комисијата за полагање за лиценци за царинските посредици во Царинска управа. Исто е и обучувач во програмата за обука на царинските застапници. Активен директен учесник во секојдневните шпедитерските активности и предизвици во Макпетрол А.Д. каде во моментов работи во Секторот за транспортна логистика.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22.11.2024 година. Групата е ограничена на 25 учесници, а принципот на пријавување е прв пријавен – прв услужен.