„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Нови прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

09.01.2023

Според известувањето на Министерството за финансии, основна причина заради која се врши изменување и дополнување на Законот за административните такси (“Службен весник на Република Македонија” бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.151/21) е да се изврши подобрување на текстот на законот со посебен осврт на подобрувања од номо-технички аспект, како и усогласување со други закони во Република Северна Македонија, согласно добиени предлози од органите на државната управа на Република Северна Македонија. 

Меѓутоа, освен за усогласување на одредбите од овој закон со друга релевантна позитивна норматива во земјава, истовремено се вметнуваат и измени во делот на тарифникот и тарифните броеви, како и цената на поединечни услуги кои ги нудат органите на државната управа.
Целосниот предлог текст е достапен на следниот линк.