„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗА ЗАБАВНИТЕ ИГРИ

12.05.2022

Предложеното законско решение содржи 15 члена.
Со членот 1 се врши прецизира дека деловните простории за казино, обложувалница, автомат клуб и томбола од затворен тип во кои се приредуваат игри на среќа, исклучиво мора да се сместени во хотели со 5* категоризирани согласно закон  кои за да бидат отворени мора покрај овој услов да ги исполнат и условите за просторните и техничко-технолошките услови, кои ги пропишува министерот за финансии.
Со членовите 2,3,4,5,6,7,8,9 и 10 се врши законско усогласување со утврдените услови од членот 1 од овој закон за добивање на лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб и томбола од затворен тип, за отварање на нови уплатно-исплатни места како и за промените на деловната просторија.
Членот 11 е нова одредба која овозможува финансиска подршка и бенифит за општините и со истиот се предвидува приредувачите на игри на среќа во казината, обложувалниците, автомат клубовите и томбола од затворен тип за секое истакнување на назив, реклами, објави и огласи на јавни места како и за назив на деловна просторија, плаќаат месечен износ од 200 евра во денарска противвредноста за секој м2 од површината на која се наоѓа називот, рекламата, објавата и огласот кои средства се уплаќаат на посебна сметка на општината на чија територија се наоѓа деловната просторија. Овие уплатени средства општините ги користат за поддршка на спортот и спортските активности на општината, лицата со посебни потреби, инвалидските организации и здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство. 
Членовите 12, 13 и 14 се преодни одредби со кои се овозможува правна сигурност и со кои уредува како ќе постапуваат приредувачите на игрите на среќа кои до денот на влегувањето во сила на овој закон имаат добиено лиценца за приредување на игри на среќа во казина, обложувалница, автомат клубовите и томбола од затворен тип согласно со Законот за игрите на среќа и за забавните игри, обврската за министерот за финансии да ги измени и усогласи подзаконските акти со овој закон како и одложната примена на дел од одредбите од законот.

Со членот 15 е уредено влегувањето во сила на законот.