„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

12.05.2022

 Со членот 1 од Предлог законот се допрецизираат одредбите од членот 22 од Законот со кој се утврдени објектите кои мора да ги исполнуваат минимални техничките услови како и други услови пропишани со закон во зависност од видот и начинот за вршење на трговија.

Со членот 2 од Предлог законот се допрецизираат одредбите од членот 25 од Законот, со кои е уредено дека трговија на мало не може да се врши во недела и на празници кои се определени како неработни денови согласно членот 2 од Законот за празници. Воедно, со истиот член се допрецизираат утврдените исклучоци во трговијата на мало за кои е дозволено работа во ден недела и на празници. Станува збор за продавници, киосци и штандови во туристичките места, бензинските станици и продавниците во нивен состав, продавниците во трговските центри (молови), слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и цветните пазари. Исто така, во овој член се прецизира и основицата врз основа на која ќе се пресметува надоместокот во висина од 2% остварен во продавниците во состав на бензинските станци, се утврдува работното време за продавниците во туристичките места и се предлага средствата од надоместокот во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година, утврден за трговците на мало за продавниците во состав на бензинските станици и продавниците во состав на трговските центри (молови), да биде наменет за Фондот за развој и човечки капитал, наместо досегашното законско решение кое предвидува овие средства да бидат наменети за инвестирање во детски градинки.
Со членот 3 и 4 од Предлог законот, на предлог на Државниот пазарен инспекторат извршено е допрецизирање на одредбите во делот спроведување на надзорот над примената на Законот, од страна на надлежните инспекциски органи, со цел доследна примена на истите. 
Со членот 5 од Предлог законот на предлог на Државниот пазарен инспекторат, се менува членот 55-а се брише со цел доследна примена на прекршочните одредби од страна на надлежните инспекциски органи.
Со членот 6 е за бришење на членот 3 со кој се додава нов член 55-а Законот за трговија
(„Службен весник на Република Северна Македонија 215/21).
Со членот 7 од се врши усогласување на глобите со предложените законски измени.
Со членот 8 е уредено влегувањето во сила на овој закон.