„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка

30.08.2024

 Предлагач е Владата на РСМ.

I.                 ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДАТ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Министерството за внатрешни работи, согласно законски утврдениот делокруг на надлежности, е носител на Законот за матичен број („Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/13 и 55/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 67/22), со кој се уредуваат структурата, определувањето, поништувањето и евиденцијата на матичниот број на граѓанинот на Република Северна Македонија и матичниот број на странецот. Со предложената измена се врши терминолошко усогласување на значењето на изразот „странец“ употребен во Законот за матичен број со категориите на странци утврдени во Законот за меѓународна и привремена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/18), за кои е определено да имаат матичен број.

II.                 II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предлогот на закон за изменување на Законот за матичен број по скратена постапка, се заснова врз истите начела врз кои е заснован Законот за матичен број