„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за основното образование

20.09.2024

Цели на предлог регулативата:

Измените и дополнувањата во Законот за основното  образование се со цел да се обезбеди еднаков пристап до образованието и обезбедат конкретно насочени мерки за спречување и борба против сегрегацијата во образованието, против расизмот и расната дискриминација во и преку училишното образование, како и борба против антициганизмот и дискриминацијата на Ромите.

Ова изменување и дополнување на законот е да се обезбеди еднаква застапеност на децата и против секаков вид сегрегација во училиштата врз основа на расно или етничко потекло.