„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
23.09.2024
Предлагач група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на овие измени на Законот за јавните претпријатија е да се изврши зајакнување на критериумите за именување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавното претпријатие при што наместо 3 години работно искуство од областа на финансиското работење и правните работи, членовите на управниот и надзорниот одбор потребно е да имаат најмалку 5 години работно искуство од областа. Се олеснува административната процедура за избор на членови на управниот, односно надзорниот одбор на начин што се предлага наместо објавување на јавен оглас да биде објавен оглас за пријавување на кандидати за пројавување интерес на веб страницата на Владата, при што Владата ќе формира Комисија за селекција која ќе спроведува интервју со кандидатите и ќе изготвува ранг листа на најдобро рангирани кандидати и истата ќе ја доставува до основачот.