„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
03.10.2022
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика содржи 4 члена.
Со првиот член се дефинира што претставува „домаќинство и потрошувач од јавен интерес“.
Со член 2 во целиот текст на законот поимот „домаќинство и потрошувач од јавен интерес“ го заменува поимот „домаќинство“ со што би имале исти права и обврски уредени во законот.
Со член 3 се уредува рокот во кој Регулаторната комисија за енергетика треба да го промени Тарифниот систем согласно член 24 став (1) точка 1) алинеја 7.
Со член 4 се уредува влегувањето во сила на предложениот Закон.