„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
07.11.2024
Предлагач е Влада на РСМ.
II ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на дополнувањето на Законот за градежно земјиште е доуредување и прецизирање на одредбите за градежно земјиште во врска со надоместокот за уредување на градежно земјиште за градбите од јавен интерес и усогласување со Законот за експропријација во однос на градбите од јавен интерес. Со овој Предлог на закон ќе се овозможи подобрување на условите за живот преку обезбедување на континуитет на постапките за одобрение за градење, надградба, доградба, реконструкција, адаптација и пренамена за градбите од јавен интерес со сите неопходни инфраструктури и градби кои се во функција и овозможуваат современи услови за живот на жителите во општините.