„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
18.11.2022
Целта на предложените измени на Законот за данокот на личен доход е да се продолжи мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од автоските и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи за период од дополнителни 12 месеци. Задржување на моменталната состојба треба да има и во делот на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, осигурување и други доход кои се оданочуваат со 10%, а доколку не се донесат овие измени давачките по основ на данок ќе им се зголемат за 50% од 1.1.2023 година. Граѓаните кои имаат орочени депозити во банките ќе треба да плаќаат данок на доход од 10% за добиената камата која е минимална иако нивните средства губат вредност на месечна основа во услови кога инфлацијата во Македонија е близу 20% и е двојно поголема од ЕУ.