„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СРЕДСТВА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА (28.2.2023 г.)

28.02.2023

 Иницијативата за предлог на Законот има за цел да ја истакне потребата и начинот од воведување можност за склучување нa посебни договори (managed entry agreements) помеѓу Република Северна Македонија и производителите на специфика на лекови што се иновативни, и немаат конкуренција на пазарот, истовремено имаат висока цена во прометот, а се употребуваат најчесто во третманот на пациенти со ретки болести,цистична фиброза, како и други специфични и тешки болести. Употребата на овие лекови во современите третмани на овие болести во светот покажа голема ефикасност и подобрување на исходот од третманите кај пациентите со овие болести и овозможуваат продолжување на нивниот животен век, но, високата цена на овие лекови го отежнува пристапот до нив, особено во земјите со ограничени буџети за здравствена заштита како Република Северна Македонија.

Посебните договори што ќе се склучуваат помеѓу купувачот и фармацевтската компанија имаат за цел да овозможат достапност на овие современи терапии со лекови по поприфатлива цена и услови Овие договори можат да имаат различни форми и содржина, како што се пониска цена, под услов истата да не биде јавно достапна со цел заштита на финансиските интереси на производителот, или финансиски или натурален попуст (рабат)итн. Посебните договори не се договори за јавна набавка. Склучувањето на посебни договори исто така повлекува споделување ризик помеѓу купувачот и производителот кои му овозможуваат оптимално планирање, регулирање и гарантирање на снабдувањето и трошоците на лекувањето. Склучувањето на овие договори ќе биде од корист не само за пациентите, туку и за државата како целина. Обезбедувањето пристап до специфика на лекови што се иновативни, немаат конкуренција на пазарот, истовремено имаат висока цена во прометот и како современа терапија може значително да ги подобри резултатите од лекувањето и, на долг рок, да ги намали трошоците за здравствена заштита поврзани со управувањето со хронични заболувања. Со цел да се создадат услови за склучување на ваков вид посебни договори, потребно е да се направи дополнување во Законот за лековите и медицинските средства и измена и дополнување на Законот за здравственото осигурување. Овие измени и дополнувања ќе овозможат имплементација на посебни договори, со што ќе се обезбеди подобар пристап до лекови кои се иновативни и немаат конкуренција на пазарот за пациенти кои боледуваат од ретки болести, и други специфични и тешки болести вклучително и цистична фиброза.