„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
22.03.2023
Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски се предлага бришење на одредбата во која се пропишува можноста за изрекување опомена како прекршочна санкција, со цел да се елиминираат недоследностите кои оваа одредба ги произведува при постапувањето на Финансиската инспекција. Имено, во Законот за пријавување и евиденција на обврски пропишана е можноста да се изрече опомена како прекршочна санкција доколку е сторен прекршок со непријавување на обврските во електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски, согласно овој закон, а притоа сторителот да го сторил прекршокот по првпат во календарската година и доколку сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ги пријавил обврските согласно овој закон. Финансиската инспекција, како овластен орган за поднесување барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд, пред поднесувањето на барањето за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд, согласно Законот за прекршоците, има обврска да спроведува постапка за порамнување со издавање прекршочен платен налог во кој предлага глоба, но не и опомена. Опомена, како прекршочна санкција, согласно Законот за прекршоците, во смисла на постапувањето на Финансиската инспекција, може да изрече судот, ценејќи ги сите олеснителни околности. Исто така, во Законот за прекршоците (член 21 став 2) пропишана е и можноста за судот да пресуди ослободување од санкција доколку сторителот ја исполнил обврската пред донесување на одлука од суд. Во смисла на оваа одредба доколку сторителот постапил во согласност со истата, односно доколку го сторил прекршокот по првпат во календарската година, инспекцијата со оглед дека не изрекува опомена, согласно горенаведените прописи по кои постапува, треба да спроведе постапка за порамнување со издавање прекршочен платен налог во кој предлага глоба, со што би постапила спротивно пак на одредбата од член 14 од Законот за пријавување и евиденција на обврски, каде е предвидено да се изрече опомена како прекршочна санкција