„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.91 ОД 12.4.2022 ГОДИНА)

13.04.2022

 Врз основа на член 90 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе 

П Р А В И Л Н И К 
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА
Член 1
Во Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/11, 80/13, 72/14, 88/15, 35/16, 59/16, 178/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 77/19,214/19 и 276/21) во насловот зборовите „ прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци“ се заменуваат со зборовите „прифатливите трошоци, висината на вредноста на прифатливите трошоци, како и висината на поддршката“.
Член 2
Во членот 2 став (1) точка 1) во алинејата 4 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“.
По алинејата 4 се додаваат три нови алинеи 5, 6 и 7 кои гласат: 
„ - инвестиции за набавка на земјоделска механизација и опрема (трактори, комбајни и приклучна механизација); 
- инвестиции во мандри: минимум 150 грла овци и 50 грла кози; 
- инвестиции во силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, `рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони и“.
Член 3
Во членот 2-б во ставот (4) во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со зборовите „и/или“. 
Во алинејата 2 точката на крајот од реченицата се заменува со зборовите „и/или“. 
По алинејата 2 се додава нова алинеја 3 која гласи: 
„- минимум 0,5 ха за производствен капацитет на тутун.”. 
Ставот (6) се брише. 
Член 4
Во членот 5 став (1) точка в) по алинејата 2 се додаваат две нови алинеи 3 и 4 кои гласат:
 „- мобилни сушари за ориз;
 - водени топови и распрскувачи;”. 
Во точката д) во алинејата 2 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“. 
Во точката ѓ) во алинејата 3 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. 
Во алинејата 4 точката на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. 
По алинејата 4 се додаваат три нови алинеи 5, 6 и 7 кои гласат:
-    „изградба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка во сточарството;
-    набавка на опрема во објекти за преработка во сточарството и 
-    набавка и конструкција на силоси во сточарството.“.
Во ставот (2) во алинејата 1 износот „2.500.000“ се заменува со износот „6.000.000“. 
Во алинејата 8 по зборовите „пчелни матици“ се додаваат зборовите „и пчелни роеви“. 
Во алинејата 10 износот „1.800.000“ се заменува со износот „6.000.000“, а сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. Во алинејата 11 точката на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка. 
По алинејата 11 се додаваат две нови алинеи 12 и 13 кои гласат: 
„- до 600.000 денари за инвестиции за изградба на мандри и - до 1.000.000 денари за инвестиции за набавка и конструкција на силоси во сточарството.“ 
Член 5
Прилогот – „Максимална прифатлива моќност на земјоделската механизација и опрема“ се брише. 
Член 6
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 
Бр.14-4694/1                                  Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
11 април 2022 година                                            Љупчо Николовски, с.р.
Скопје