„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
05.07.2022
Целта на Законот за изменување и дополнување на Законот за домување е остварување на правото на откуп на станот односно правото на пренос на правото на користење на стан.
Носителот на правото на користење на стан на кој права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Северна Македонија, кој го користи станот врз основа на акт и/или договор за користење на станот донесен пред 16 мај 1998 годинa и член на семејно домаќинство кој по смртта на носителот на правото на користење на станот го користи станот врз основа на акт на надлежен орган со кој се стекнал со правото на закуп и откуп на станот, како и членовите на семејното домаќинство кои го користат станот по смртта на носителот на правото на користење на станот, а кои не поднеле барање за откуп, односно барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област до 31 март 2015 година, се должни да поднесат барање за откуп на станот, односно барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област до 31 декември 2024 година.
Лицето кое нема да поднесе барање до 31 декември 2024 година, а истото користи стан кој се води во единствената евиденција на станбениот простор, правното лице за стопанисување со станбениот простор и деловниот простор од значење за Републиката писмено ќе го извести дека е должно заклучно со 31 март 2025 година да поднесе барање за закуп на стан или барање за откуп на стан согласно со овој закон, а доколку лицето не поднесе барање по истекот на овој рок истото ќе биде присилно иселено.