„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ПРОШИРЕНА РЕПРОДУКЦИЈА НА ШУМИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.31 ОД 10 ФЕВРУАРИ 2023 Г.)

12.02.2023

 Врз основа на член 96 од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Ре[1]публика Северна Македонија“ бр. 274/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 7 февруари 2023 година, донесе

 П Р О Г Р А М А
ЗА ПРОШИРЕНА РЕПРОДУКЦИЈА НА ШУМИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА
I
 Со оваа програма, согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.282/22), Раздел 14001 - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програма 2 - Шумарство, Потпрограма 20 – Шумарство, Ставка 485 – Вложувања и нефинансиски средства, се утврдува изворот и износот на средствата, видот и обемот на работите и мерките кои ќе се финансираат, извршителите на работите, како и начинот на исплата на средствата за извршени работи во 2023 година.
II
За извршување на работите и мерките од дел I од оваа програма, се утврдува изворот и износот на средствата и тоа:
Ред.
Извор
Износ
 
број
(денари)
 
 
 
1.
Буџет на Република Северна
20.000.000,00
 
 
Македонија
 
 
Вкупно:
 
20.000.000,00
 
 
                                      III
Средствата од дел II од оваа програма во износ од 20.000.000,00 денари ќе се користат за следните работи/мерки:
 
Пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна сопственост од точка 1 потточка 1.1 од табе-лата на овој дел, ќе се врши првенствено на локации со поголеми површини и кои се во состав или во непосре-дна близина на постоечките шуми,
 
Пошумување на голини и ерозивни земјишта со садници од точка 1 потточка 1.2 од табелата на овој дел, ќе се врши на локации кои се поголеми од 0,50 ха кои се во приватна сопственост.
 
Пошумување на голини и ерозивни земјишта во приватна сопственост од ставот 3 на овој дел ќе се врши преку објавување на јавен повик за прибирање на барања за доделување на финансиски средства, кој ќе се објави од Министерството за земјоделство, шу-марство и водостопанство на веб страната www.mzsv.gov.mk, во период од 15 до 29 март 2023 го-дина.
Доделувањето на финансиските средства од ставот 4 на овој дел се остварува со поднесување на барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водос-топанство, од барателите, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, коe е дадено во Прилог кој е составен дел на оваа програма .
 
Еден сопственик на шума може да поднесе само ед-но барање за доделување на финансиски средства од оваа програма.
 
Кон барањето од став 5 на овој дел, барателот на шума во приватна сопственост треба да ги достави следните документи:
 
- Оперативно-стручна програма за пошумување из-работена од шумарски инженер, во која се наведуваат основните податоци за локалитетот (КП и КО) и поде-тални податоци за обемот и видот на работата, техни-ката на засадување, видот на садниците, времето на ре-ализација на работите и други важни податоци за пот-ребите за пошумување на земјиштето,
  • Имотен лист оригинал (не постар од шест месеци),
  • Копија од катастарски план (скица),
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци,
  • Копија од важечка лична карта и
  • Копија од бројот на трансакциска сметка на барателот на која ќе се врши исплатата.
Барањето за доделување на финансиски средства може да се обезбеди преку веб страната на Министер-ството www.mzsv.gov.mk.
 
Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма, потпишан од страна на барате-лот.
 
За постапување по поднесените барања за доделу-вање на финансиски средства од точка 1 потточка 1.2 од табелата на овој дел, поднесени согласно оваа прогaма од страна на министерот за земјоделство, шумар-ство и водостопанство се формира Комисија составена од три члена и нивни заменици од редот на вработени-те во Министерството.
 
Комисијата од ставот 10 од овој дел, по пристигну-вањето на сите барања во рокот од став 5 на овој дел, ги известува барателите кои не доставиле комплетна документација, да ги докомплетираат истите во рок од седум работни дена.
 
Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација од ставот 7 од овој дел, нема да бидат наведени во листата од став 13 од овој дел.
Комисијата од ставот 10 од овој дел, по истекот на рокот од ставот 11 на овој дел, со записник го утврдува точниот број на пристигнати барања и изготвува листа на баратели кои имаат уредна и комплетна документа-ција подредени согласно рокот на доставување на ком-плетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување и пристигнување на барањата во архивата на Министер-ството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Врз основа на листата на баратели од ставот 13 на овој дел, барателите кои ќе бидат финансирани од оваа програма, ќе бидат известени по писмен пат за денот на потпишување на договор за финансирање кој ќе се склучи помеѓу корисникот на средствата и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
Отстранување на последиците од шумски пожари од точка 2 од табелата, ќе се врши на површина над 50 ха во рамките на една шумско стопанска единица пре-ку вештачка обнова со пошумување со садници.
 
За реализација на мерките од точките 1 потточка 1.1 и точка 2 од табелата, извршителот на работите доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оперативно - стручна програма, во која се наведуваат основните податоци за ло-калитетот (Шумско стопанска единица или КП и КО) и подетални податоци за обемот и видот на работата, техниката, времето на реализација на работите и други важни податоци. За секоја шумско стопанска единица или КО се поднесува посебна Оперативно-стручна програма.
Превентивна заштита на шумите и шумските култури од растителни болести и штетници од точка 3 од табелата, ќе се врши со превентивна заштита на шумите
 
шумските култури од потенцијални штетници кои можат да загрозат поголеми шумски простори, органи-зирана преку Извештајно дијагнозно прогнозната служба (ИДП службата) за шумите во Република Се-верна Македонија при Шумарскиот факултет – Скопје, која до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави Извештај за здравствената состојба на шумите во Република Северна Македонија за 2023 година, со предлог мерки за понатамошно де-лување.
 
Промотивна кампања за подигање на јавната свест за превентивна заштита на шумите од пожари од точка 4 од табелата ќе се врши преку објавување и печатење на инструкциите, протоколите, плановите, материјали-те за обука, насоките и други материјали од областа на управувањето со пожари на отворен простор, како и за техничко одржување и хостирање на веб страницата на Министерството на земјоделство, шумарство и водос-топанство за подигање на јавната свест за заштита на шумите од пожари.
 
IV
 
Исплата на средствата за реализација на работите од дел III од оваа програма, ќе се врши врз основа на склучени договори помеѓу Министерството за земјо-делство, шумарство и водостопанство и извршителите на работите и врз основа на документација за извршени работи.
 
Министерството за земјоделство, шумарство и во-достопанство на извршителите на работите од точка 3 од табелата, за вршење на теренски увиди на локалите-ти на цела територија на Република Северна Македо-нија за следење на здравствената состојба на шумите и шумските култури од болести и штетници, ќе им ис-плати аванс во висина од 30% од утврдената сума, по потпишување на договорите.
 
Во случај на неисполнување на активностите за кои авансно се исплатуваат средствата, извршителот на работите добиените средства ги враќа во Буџетот на Ре-публика Северна Македонија на начин утврден во договорот.
 
V
 
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-1369/5
Прв заменик на претседателот
7 февруари 2023 година
на Владата на Република
Скопје
Северна Македонија,
 
                 д-р Artan Grubi, с.р.