„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА

07.06.2023

Со Законот за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата се преземаат одредби од регулативите: (ЕУ) бр. 2021/1060, 2021/1139, 2022/2473 со што се постигнува правна рамка за нивно спроведување (имплементација), како и подобрување на националното законодавство во деловите каде е утврдена негова потреба. Целите на предлог Законот треба да придонесат за постигнување на целите утврдени во член 3 од Законот за рибарство и аквакултура, односно
 
1) Управување со рибите и другите водни организми на начин со кој се постигнува економска и општествена придобивка, зголемен број на вработувања и придонес кон достапноста на снабдувањето со храна;
2) Користење на рибите и другите водни организми по принципот на одржливо користење кој допринесува за зачувување на биодиверзитетот и еколошкиот пристап на риболовните води и
3) Развој на одржливи активности во аквакултурата и промоција на здрава, висококвалитетна храна без негативно влијание на животната средина.