„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за изменување на одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните

28.06.2023

Врз основа на член 40 став (9) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 20 јуни 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА
АКТИВНОСТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
 
Член 1
Во Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 2/16, 115/16, 223/16, 27/18 и 17/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 186/19, 8/20, 309/20, 271/21, 155/22 и 206/22) Прилoзите 1 и 2 се заменуваат со нови Прилози 1 и 2 кои се составен дел на оваа одлука.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-4492/6                                             Претседател на Владата
20 јуни 2023 година                      на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        д-р Димитар Ковачевски, с.р.