„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ - Скопје во услови на енергетска криза

18.07.2023

На Собрание на РСМ е објавен Предлог на закон за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на ел.енергија Електрани на СМ во државна сопственост Скопје, по скратена постапка.
Цели на законот:
Проектот има за цел надминување на потешкотиите во ликвидноста, кои се настанати во последниот период поради кризата во снабдувањето со електрична енергија. Основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на средства за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза. Следствено на тоа, АД ЕСМ – Скопје и ЕБОР ќе склучат Договор за заем, додека Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и ЕБОР ќе склучат Договор за гаранција, за обезбедување на средствата во износ до 100 милиони евра.
Во прилог се и Договорот за гаранција склучен меѓу РСМ и Европска банка за обнова и развој и Договор за заем меѓу АД за производство на ел.енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост Скопје и Европска банка за обнова и развој.