„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.167 од 07.08.2023 г.Одлука за субвенционирање на каматата која произлегува од финансискиот договор наменет за финанисрање на мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје

07.08.2023

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), а во врска со член 13 од Законот за Развојната банка на Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.105/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.77/21) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 25 јули 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КАМАТАТА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ФИНАНСИСКИОТ ДОГОВОР, НАМЕНЕТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, СРЕДНО ПАЗАРНО КАПИТАЛИЗИРАНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА, СКЛУЧЕН МЕЃУ ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА И РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
 
Член 1
Владата на Република Северна Македонија ја субвенционира каматата која произлегува од Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје бр. FIN˚ 94720 Serapis N˚ 2022-0407, намалена за 1 процентен поен.
Член 2
Средствата за субвенционирање на каматата од член 1 од оваа одлука се неповратни, а ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија, Раздел 09002-Министерство за финансии - функции на држава, програма 20, ставка 451 – Каматни плаќања кон нерезидентни кредитори.
Член 3
Се задолжува министерот за финансии во името на Владата на Република Северна Македонија со Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје да го потпише договорот за субвенционирање на каматата од член 1 од оваа одлука.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-7679/4                                             Прв заменик на претседателот
25 јули 2023 година                                     на Владата на Република
Скопје                                                                 Северна Македонија,
                                                                                д-р Artan Grubi, с.р