„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.189 од 11.09.2023 година Програма за изменување и дополнување на годишната програма за финансирање на управувањето со отпад

17.09.2023

Врз основа на член 47 став (3) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 септември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА
УПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Во Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 27/23), во дел III, во ставот (1) по зборот „контејнери“ се додаваат зборовите „од 1,1 м3 и канти од 120 l“.
Ставот (2) се менува и гласи:
„Доделувањето на бројот на контејнерите и кантите од ставот (1) на овој дел по општина ќе се врши врз основа на бројот на жителите во општините во Република Северна Македонија и тоа на следниот начин:
- за општина до 5000 жители се доделуваат 75 канти,
- за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 47 канти и 19 контејнери,
- за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 240 канти и 58 контејнери,
- за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 570 канти и 115 контејнери и
- за општина над 40000 жители се доделуваат 1 212 канти и 59 контејнери.“
Во ставот (3) зборот „април“ се заменува со зборот „септември“, а зборот „август“ се заменува со зборот „ноември“.
II
Во дел IV во ставот (3) зборот „мај“ се заменува со зборот „септември“.
III
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-8061/3                      Прв заменик на претседателот
5 септември 2023 година     на Владата на Република
Скопје                                             Северна Македонија,
                                                             д-р Artan Grubi, с.р.