„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.198 од 22.09.2023 г. Правилник за основните параметри кои се предмет на физичко-хемиска анализа на виното, поблиските услови во однос на просториите и опремата кои треба да ги исполнуваат овластените лаборатории за вршење на физичко-хемиска анализа заради ставање на виното во промет и постапката за издавање на овластувањето за вршење на физичко-хемиска анализа на виното

24.09.2023

Врз основа на член 33 став (4) од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К ЗА ОСНОВНИТЕ ПАРАМЕТРИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ФИЗИЧКО-ХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ВИНОТО, ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ВО ОДНОС НА ПРОСТОРИИТЕ И ОПРЕМАТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОВЛАСТЕНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ФИЗИЧКО-ХЕМИСКА АНАЛИЗА ЗАРАДИ СТАВАЊЕ НА ВИНОТО ВО ПРОМЕТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊЕТО ЗА ВРШЕЊЕ НА ФИЗИЧКО – ХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ВИНОТО
 
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат основните параметри кои се предмет на физичко- хемиска анализа на виното, поблиските услови во однос на просториите и опремата кои треба да ги исполнуваат овластените лаборатории за вршење на физичко-хемиска анализа заради ставање на виното во промет и постапката за издавање на овластувањето за вршење на физичко-хемиска анализа на виното.
Член 2
Основните параметри кои се предмет на физичко-хемиска анализа на виното заради издавање на
решение за ставање во промет се:
1. Специфична тежина 20°/ 20'/ пикнометриски,
2. Алкохол / дестилација и пикнометриски,
3. Вкупен екстракт / пикнометриски,
4. Вкупни киселини / волуметриска метода,
5. Испарливи киселини / метода по Ripper,
6. Вкупен SO2 метода по Ripper,
7. Слободен SO2 / метода по Ripper,
8. Инвертен шеќер / метода по Shorl и
9. Лимонска киселина/течна хроматографија (HPLC[1]DAD).
Член 3
(1) Овластените лаборатории за вршење на
физичко-хемиска анализа на виното (во натамошниот
текст: овластени лаборатории), треба да располагаат со
посебни простории за вршење на физичко-хемиска
анализа на виното, складирање и чување на мостри и за
чување на хемикалии и реагенси.
(2) Овластените лаборатории треба да поседуваат
известување за започнување за вршење на дејност.
(3) Просториите од став (1) на овој член треба да
имаат стабилна и контролирана температура и
влажност на воздухот, да бидат оптимално осветлени и
да бидат поврзани на постојана и стабилна електрична
мрежа.
Член 4
(1) Овластените лаборатории за вршење на
физичко-хемиска анализа на виното треба да
располагаат со соодветна опрема која овозможува
утврдување на следните параметри на виното:
1. специфична густина на 200c, пикнометриски,
2. алкохолна јачина, дестилација и пикнометриски,
3. вкупен сув екстрат, пикнометриски,
4. редуктивни шеќери, метод на Shorl,
5. присуство и содржина на сахароза, HPLC (течен
хроматограф),
6. присуство и содржина на глукоза и фруктоза, HPLC,
7. содржина на пепел, волуметриски метод,
8. алкалност на пепелот, волуметриски метод,
9. присуство на хлориди, волуметриски метод,
10. присуство на сулфати, волуметриски метод,
11. вкупна киселост, волуметриски метод,
12. испарлива киселост, метод по Ripper,
13. присуство и содржина на винска киселина, HPLC,
14. присуство и содржина на лимонска киселина, HPLC,
15. присуство и содржина на јаболкова киселина, HPLC,
16. присуство и содржина на сорбинска киселина, HPLC,
17. присуство и содржина на аскорбинска киселина, HPLC,
18. pH, ph метар,
19. присуство и содржина на сулфур диоксид, метод по Ripper,
20. присуство и содржина на натриум, AA (атомски адсорбер),
21. присуство и содржина на калиум, AA (атомски адсорбер),
22. присуство и содржина на магнезиум, AA (атомски адсорбер),
23. присуство и содржина на калциум, AA (атомски адсорбер),
24. присуство и содржина на железо, AA (атомски адсорбер),
25. присуство и содржина на бакар, AA (атомски адсорбер),
26. присуство и содржина на кадмиум, AA (атомски адсорбер),
27. присуство и содржина на сребро, AA (атомски адсорбер),
28. присуство и содржина на цинк, AA (атомски адсорбер),
29. присуство и содржина на олово, AA (атомски адсорбер),
30. присуство и содржина на флуориди, волуметриски метод,
31. присуство и содржина на јаглерод диоксид,титриметриска метода,
32. присуство и содржина на деривати од цијанид, спектрофотометриска,
33. присуство и содржина на алил изотиоцијанат, спектрофотометриска,
34. вкупни полифеноли, индекс по фолин (Folin - Ciocalteu), спектрофотометриска (спектрофотометар) и
35. етил карбамат, гасна хроматографија со масна спектрометрија GCMS.
(2) Овластените лаборатории од член 3 од овој правилник, покрај опремата од ставот (1) на овој член треба да располагаат и со опрема за мерење на шеќерните единици на грозјето на места каде што се врши откуп на винско грозје.
Член 5
(1) Овластените лаборатории кои ги исполнуваат условите од членовите 3 и 4 од овој правилник доставуваат барање за овластување за вршење на физичко-хемиска анализа на виното и докази за исполнување на условите од член 33 став (2) од Законот за виното до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
(2) По приемот на барањето и доказите од ставот
(1) на овој член, државен инспектор за земјоделство на лице место го констатира исполнувањето на условите од членовите 3 и 4 од овој правилник и составува записник.
(3) Врз основа на записникот на државниот инспектор за земјоделство од ставот (2) на овој член, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја овластува лабораторијата за вршење на физичко-хемиска анализа, заради издавање на решение за ставање на виното во промет.
Член 6
Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за основните параметри кои се предмет на физичко- хемиска анализа на виното, поблиските услови во однос на просториите и опремата кои треба да ги исполнуваат овластените лаборатории за вршење на физичко-хемиска анализа заради ставање на виното во промет и постапката за издавање на овластувањето за вршење на физичко-хемиска анализа на виното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 112/10).
Член 7
 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.37-8238/3                                      Министер за земјоделство,
20 септември 2023 година          шумарство и водостопанство,
Скопје                                                 Љупчо Николовски, с.р.