„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.200 од 25.09.2023 г. Правилник за формата и содржината на образецот на даночниот биланс за оданочување со данок за солидарност

26.09.2023

Врз основа на член 8 став (3) од Законот за данок за солидарност (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.199/23), министерот за финансии донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА OБРАЗЕЦОТ НА ДАНОЧНИОТ БИЛАНС ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ СО ДАНОК ЗА СОЛИДАРНОСТ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на даночниот биланс за оданочување со данок за солидарност.
Член 2
Даночниот биланс за оданочување со данок за солидарност се поднесува на образец „ДБ-ДС” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат.
Формата и содржината на образецот на даночниот биланс од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 20-6500/1
25 септември 2023 година                                Министер за финансии,
Скопје                                                                      д-р Fatmir Besimi, с.р